Улога

Фокус-точките на ХЕЛП се врска помеѓу Секретаријатот на ХЕЛП и националните институции за обука. Тие се контакт-лица за судии и обвинители во врска со обуките за човекови права.

Како такви, тие одржуваат редовни состаноци на домашно ниво со цел да ја оценат моменталната состојба во нивните соодветни национални институции за обука и ги проценуваат потребите на судиите и обвинителите за обуки за човекови права. Тие прават презентации за ХЕЛП за да ја претстават Програмата пред своите колеги, објавуваат релеванти информации за ХЕЛП и материјали за обука на нивните национални јазици и учевствуваат на Годишната конференција на ХЕЛП.

Фокус-точките на ХЕЛП се во редовен контакт со Секретаријатот на ХЕЛП и поднесуваат годишни извештаи.

Листа на фокус-точки