Што прави

Советодавниот одбор на ХЕЛП е тело именувано од Мрежата ХЕЛП за да обезбеди советодавна поддршка на Секретаријатот на ХЕЛП надов од состаноците на Мрежата ХЕЛП. Во оваа смисла тој:

  • ги евалуира стандардните наставни планови и материјалите за обука развиени од страна на Програмата ХЕЛП;
  • предлага приоритетни теми за идни активности за обука на Мрежата ХЕЛП;
  • идентификува сеопфатна стратегија за координација на обуките за човекови права меѓу релеватните меѓународни и национални актери, вклучувајќи го и развојот на регионални иницијативи;
  • дава совети за методологиите за тренинг за правни професионалци;
  • соработува со Уредувачкиот одбор на ХЕЛП (Уредувачкиот одбор на ХЕЛП е составен од експерти за судската пракса на ЕСЧП, за обуки за ЕКЧП, за ИТ и за веб-комуникација. Тој е именуван од страна на Секретаријатот на ХЕЛП и е одговорен за планирање и спроведување на комуникациска стратегија за Програмата ХЕЛП и за објавување и ревидирање на новости и материјали за обуки на веб-страниците на ХЕЛП);
  • дава совети за други конкретни прашања идентификувани од Мрежата ХЕЛП и Секретаријатот;
  • подготвува годишен извештај за Мрежата ХЕЛП.

Работни методи:

Советодавниот одбор на ХЕЛП ги координира своите активности со Секретаријатот на Програмата ХЕЛП.

Состаноците се одржуваат во просториите на Советот на Европа во Стразбур и се организирани на следниов начин: 7 члена, 2 еднодневни состаноци годишно.

Мандат

Советодавниот одбор на ХЕЛП е тело именувано од страна на Мрежата ХЕЛП за обезбедување редовна советодавна поддршка на Секретаријатот на ХЕЛП.

Вообичаено е составен од шест члена кои се избираат од претставниците на Мрежата ХЕЛП.

Во Советодавниот одбор членува најмалку еден претставник на институциите за обуки на сите категории правни професионалци (судии, обвинители, адвокати) кои учествуваат во Програмата ХЕЛП.

За составот на Советодавниот одбор се одлучува на Годишната конференција на Мрежата ХЕЛП со тајно гласање. Во случај на избори, првите шест кандидати кои ќе имаат најголем број гласови ќе бидат избрани.

Условите за работа беа ажурирани во 2016 година, така што мандатот на членовите на Советодавниот одбор е две години. Со исклучок на преодниот период, ниеден претставник не може да биде член во повеќе од два последователни мандати. Преодниот период на Советодавниот одбор ќе заврши на крајот на Годишната конференција на Мрежата ХЕЛП во 2018 година. На изборите во 2018 година, тројцата членови кои биле најдолго време во Советодавниот одбор ќе се повлечат и нема да можат повторно да бидат избрани во 2018 година.

Членовите на Советодавниот одбор можат да именуваат од своите редови Известители за конкретни теми. Советодавниот одбор поднесува извештај за своите активности на Годишната конференција на ХЕЛП.

Избори за Советодавен одбор во 2016 година

Оваа година, новиот Советодавен одбор беше избран на Годишната конференција на Мрежата ХЕЛП за 2016 година. Успешните кандидати што го сочинуваат новиот Советодавен одбор се наведени подолу.

Изборите се одржаа на вториот ден од Конференцијата со тајно гласање. Од оваа година, изборите ќе бидат ротациони, за да обезбедат континуитет во рамките на Советодавниот одбор. Одборот ги претставува и адвокатските комори (АК) и националните институции за обуки (НИО).

Уште еднаш им честитаме на нашите нови членови и со нетрпение ја очекуваме идната соработка меѓу Одборот и Секретаријатот на ХЕЛП.

Советодавен одбор на ХЕЛП

The Consultative Board who served as members between June 2014 and June 2016 were:

  • Petros Alikakos, NTI, Greece
  • Grzegorz Borkowski, NTI, Poland
  • Sandra Budimir, BA, Croatia
  • Simon O'Toole, BA, UK
  • Beatrice Ramascanu, NTI, Romania
  • Jolanta Samuolyte, BA, Lithuania
  • Pier Giovanni Traversa, BA, Italy

The activities of the Board can be seen in the Reports published below. The HELP Secretariat extend their thanks to the previous Board members for all their hard work and for their invaluable contribution to HELP's success during their mandate.

You will find here the activity reports of the HELP Consultative Board published in:

  • June 2014