Методологија за обуки на ХЕЛП
Методологијата и ресурсите на ХЕЛП се користат систематски во сите активности на Советот на Европа за градење на капацитетите за ЕКЧП кои се организираат во земјите-кориснички, вклучуавјќи ги и оние во рамките на Заедничките проекти на ЕУ и СЕ.
ХЕЛП организира обуки за обучувачи, со цел да се подигне чувството на поседување кај националните институции за обуки.
Методологијата на ХЕЛП го има предвид тешкиот временски притисок со кој се соочуваат правните професионалци во нивната секојдневна работа. Нејзината додадена вредност е во тоа што наставните планови се креирани наменски, задоволувајќи ги специфичните потреби и динамиката на учење на учесниците и дозволувајќи флексибилност.
Материјалите за обуки се креирани од меѓународни експерти, со цел да се развијат когнитивни способности, вклучувајќи го тука и разбирањето, како и процедурални и умствени вештини кои им дозволуваат на правните професионалци да го применат во практиката стекнатото знаење во конкретни ситуации. Модел-наставниот план е целосно развиен интерактивен курс, составен од модули кои се однесуваат на различни подтеми.
Наставните планови се развиваат во согласност со целите на учење. Овие, пак, го одразуваат минималното ниво достигнувања кои се очекуваат до крајот на курсот.
Главниот наставен план потоа се адаптира на националното законодавство и на видот правни професионалци од страна на националниот тутор. Националниот тутор исто така ќе напише поглавје за имплементацијата на европските одредби и судската пракса на домашно ниво.
Во рамки на проектот може да бидат пуштени во употреба и интердисциплинарни курсеви кои вклучуваат и други професионални (специјалисти за здравство и медицина, итн.).
По курсот, се спроведува евалуација на материјалите, на основа на повратните информации добиени од туторот и учесниците. Курсот исто така се оценува од аспект на стапката на неуспех во задачите, студиите на случај итн. Ова обезбедува крајниот наставен план да биде со висок квалитет и да може потоа да се претвори во ресурс за самостојно учење, достапен на било кој правен професионалец/корисник на платформата на ХЕЛП.
Во рамките на истата група, нивото на знаење и интерес може да се разликува. Поради ова, секој наставен план вклучува на едно ниво задолжителни материјали (минимални предуслови) и опциони дополнителни ресурси за оние кои имаат волја да одат подлабоко во детали.
Наставните планови може исто така да бидат интегрирани во националните програми на НИО/АК како задолжителни обуки за човекови права. На долг рок, НИО/АК ќе развијат наставни планови усогласени со методологијата на ХЕЛП и поблиски до потребите на националните корисници.
Методологијата на ХЕЛП е ефективна од аспект на трошоците, бидејќи учењето на далечина е помалку скапо од традиционалните обуки, поради развивањето и спроведувањето наставни планови за учење на далечина и комбинирано учење. Навистина, истите материјали може да се користат за многу сесии и од страна на голем број учесници.
Курсот за учење на далечина трае во просек 3 месеци, со тоа што нов модул се објавува од страна на националниот тутор секои две недели.
Главните чекори може да се опишат на следниов начин:
|
|