ХЕЛП во 28те
Европската програма за едукација за човекови права за правни професионалци во 28-те држави-членки на Европската Унија (ХЕЛП во 28те) им помага на правните професионалци од ЕУ да стекнат знаења и вештини за тоа како да ја користат Повелбата за основни права на Европската Унија (Повелбата), Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Европската социјална повелба (ЕСП). Покрај тоа, тие се запознаваат со европската судска пракса. ХЕЛП во 28те исто така ја зајакнува ХЕЛП Мрежата на национални институции (НИО) и адвокатски комори (АК) во ЕУ.
Под оваа програма беа развиени 4 нови курсеви, на основа на приоритетите на ЕУ, и тоа: Борба против расизмот, ксенофобијата и хомофобијата; Заштита на податоците и права на приватност; Работнички права; и Право на интегритет на личноста (биоетика). Курсевите потоа се прилагодуваат на националните правни системи и јазици пред да бидат пуштени во употреба во – најмалку – 13 држави-членки на ЕУ. По ова, курсевите се пренесуваат во делот на е-платформата на ХЕЛП кој се однесува на самостојно учење.
Буџетот на Програмата ХЕЛП во 28те е околу 1,6 милиони евра, главно финансирани од Европската Унија (Генерален директорат за правда и потрошувачи). ХЕЛП во 28те се спроведува од страна на Советот на Европа и ги користи придобивките од силната посветеност на сегашните придружни партнери, конкретно НИО и АК во ЕУ и Европската мрежа за судска обука.
![Заштита на податоците и права на приватност](/documents/13480806/15985745/Data+protection+website+image+2.jpg/b038995b-0c9e-4155-9ab1-264b6bb6f366?t=1455545887000)
Заштита на податоците и права на приватност
![Борба против расизмот, ксенофобијата и хомофобијата/трансфобијата](/documents/13480806/15985745/Fight+against+racism+website+image.jpg/f3041d5e-7849-43cd-898e-62c9a9979882?t=1455545924000)
Борба против расизмот, ксенофобијата и хомофобијата/трансфобијата
![Работнички права](/documents/13480806/15985745/Labour+rights+website+image.jpg/49f58cbf-90f3-4848-8970-8cbe4d8f2058?t=1455634545000)