Референтна Рамка На Компетенции За Демократска Култура
Книга 1: Контекст, концепти и модел
ISBN: 978-92-871-8573-0
Corporate Author: Council of Europe;
Authors:
Publication Date : 2019
Languages: Macedonian
Also available in: Albanian Armenian Azeri English Finnish French Georgian German Greek Italian Portuguese Romanian Serbian Slovak Spanish Turkish Ukrainian
Советот на Европа ги промовира и ги штити човековите права, демократијата и владеењето на правото. Овие принципи со години се темели на европските општества и политички системи, но сепак треба да се одржуваат и поттикнуваат и во време на економска и политичка криза. Повеќето луѓе би се согласиле дека демократијата претставува форма на управување од или во име на народот и дека не може да функционира без институции што обезбедуваат редовни, слободни и фер избори, правило за мнозинство и одговорност на владата. Сепак, овие институции не можат да функционираат доколку самите граѓаните не се активни и посветени на демократските вредности и ставови. Образованието тука има централна улога и оваа Референтна рамка ги поддржува образовните системи во изведувањето на наставата, учењето и оценувањето на компетенциите за демократска култура и обезбедува кохерентен фокус на широкиот опсег на користени пристапи. Ова прва книга содржи модел на компетенции за демократска култура, кој беше едногласно одобрена од европските министри за образование на нивната постојана конференција во Брисел во април 2016 година. Исто така се опишува основата на Рамката, се нуди упатство во врска со нејзината употреба, се прикажува вовед во улогата на дескрипторите што се содржани во втората книга, и се завршува со речник на клучни термини. Понатамошното упатство за примена на Референтната рамка е понудено во третата книга.