Забавна едукативна игра: „Европа е важна – Прашање на вредности”
Научете ги учениците за заедничките европски вредности: слобода на изразување, правичен судски систем, родова еднаквост, укинување на смртната казна, слободни избори, разноликост/недискриминација.
Забавувајте се со предизвиците во играта како тим и дискутирајте, истовремено тестирајте го вашето знаење за демократијата и човековите права.
Играјте online
Кликни на копчето подолу за да ја играш играта „Европа е важна, прашање на вредности” online. Зошто не се обидеш – играњето е бесплатно и достапно веднаш.
Сè што ти е потребно е понова верзија на Интернет пребарувач (Chrome, Firefox 40 and above, IE11/Edge, Safari…) и ADSL конекција со најмалку 512 Kbit/s. Не е потребно сетирање, играј директно на прозорецот кој ќе се отвори на целиот екран.
Играта е достапна на повеќе јазици; можеш да се префрлаш од еден на друг јазик од почетниот прозорец преку иконата за сетирање. Можеш слободно да користиш видео проектор за да може целото одделение да игра полесно. Уживај во играта!
Почеток на играта
За кого е наменета играта?
Оваа брошура содржи „табла за игра“ за ученици во последните години од основното образование и почетокот на средното образование (8-12 години), а исто така и упатства како да се подготвите за оваа игра на откривање и дополнителни информации. Играта овозможува целото одделение да се вклучи во заедничка рекреативна активност, истовремено осврнувајќи се на клучните вредности кои овозможуваат луѓето да живеат заедно во општеството.
Иако играта може да се прилагоди на помали групи од по двајца или повеќе играчи, таа првенствено е замислена да се игра во одделенија во училиштата, под водство на наставник.
Содржина на брошурата
Брошурата во писмена форма содржи:
- 1 табла за игра (A1 формат)
- 48 карти кои треба да се исечат
- 6 фигури за играње
- 1 коцка што треба да се склопи
- 1 сертификат кој треба да се фотокопира
- Совет за наставниците
На позадината на таблата за игра запишани се европските вредности. Кога играта ќе заврши, таблата може да се користи како декоративен постер или наставно помагало.