Back Комитетот за превенција на тортура (CPT), тело при Советот на Европа, ја посети Северна Македонија и одржа разговори со премиерот, за потребата да се подобри третманот на лицата во затворите

Претседателот на CPT, Микола Гнатовски, на 9 декември 2020 година се сретна со премиерот Зоран Заев во Скопје, за да дискутира за посветеноста на новоформираната влада поригорозно да се стреми кон темелни реформи на затворскиот систем, во согласност со одамна дадените препораки на Комитетот.
Комитетот за превенција на тортура (CPT), тело при Советот на Европа, ја посети Северна Македонија и одржа разговори со премиерот, за потребата да се подобри третманот на лицата во затворите

На разговорите одржани и со премиерот Заев и со Министерот за правда Бојан Маричиќ, се истакна неопходноста Северна Македонија да воспостави професионална затворска служба со јасни линии на отчетност и со делотворен надзор од страна на раководителите. Се дискутираше, исто така, и за чекорите потребни за да се обезбедат барем минимални услови за издржување на мерките за лицата во Идризово и Затворот Скопје, како и за развивање на целисходен режим на содржини за нив. Исто така, се препозна потребата Министерството за здравство да игра попроактивна улога во подобрувањето на здравствената заштита обезбедена за затворениците.

Пред разговорите, делегацијата на CPT ги посети затворите Идризово и Скопје, за да ги испита условите во кои престојуваат и постапувањето со лицата во тие установи, и, поконкретно, да се разгледа евентуалниот напредок остварен од периодичната посета на Комитетот во декември 2019 одина. Исто така, Комитетот ги посети полициските станици Бит Пазар, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода во Скопје.

Делегацијата на CPT се состоеше од следниве членови: Микола Гнатовски (претседател), Слава Новак и Оливера Вулиќ (експерт), а беа придружувани од Хју Четвинд (шеф на оддел) и Кристијан Лода (администратор) од Секретаријатот на CPT.

11/12/2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page