Takaisin РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО ТЕРМИНОТ: Годишна конференција на Мрежата ХЕЛП за 2017 година

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО ТЕРМИНОТ: Годишна конференција на  Мрежата ХЕЛП за 2017 година

Со задоволство Ви ro најавуваме терминот за овогодинешната Конференција на Мрежата ХЕЛП  што ќе се одржи во понеделник, 19 јуни, и вторник, 20 јуни 2017 година. Конференцијата ќе се одржи во седиштето на Советот на Европа во Стразбур (Палата на Европа).

Насловот на овогодинешната конференција ќе биде „ХЕЛП за пријателски насочена правда“.

На Мрежата ХЕЛП, единствената европска мрежа за обука за човекови права, ѝ е доверено спроведувањето на ставот 9.. cvi од Брајтонската декларација од 2012 година. Мрежата е составена од претставници на национални институции за обука на судии и обвинителите, како и од претставници на адвокатските комори, од 47те држави-членки на Советот на Европа. Европската мрежа за обука во правосудството (EJTN), како и главните меѓународни здруженија на судии, обвинители и адвокати (CCBE, FBE, IAJ итн.) се партнери на Мрежата.

Секоја година Конференцијата претставувафорум за дискусија помеѓу сите членки и партнери за тоа како да се зајакнат резултатите од обуките и конкретното спроведување на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, како и за тоа како да се подобри ефективната соработка меѓу сите национални и меѓународни институции.

Конечно, годишната Конференција на Мрежата претставува важна прилика билатерално и регионално да се продискутира соработката помеѓу Програмата ХЕЛП на Советот на Европа и нејзините партнерски институции.

Повеќе информации ќе бидат достапни во текот на идните месеци.
Стразбур, Франција 16/02/2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page