Нешто што мислиме дека е невозможно сега, не е невозможно во друга деценија. 

Констанс Бејкер Мотли1

Преглед

Во оваа активност луѓето разговараат за тоа како се развиваат верувања, како се засилуваат и како и зошто тие се менуваат со текот на времето.

Поврзани права
  • Слобода на мисла, совест и религија
  • Слобода на мислење и изразување
  • Право да учествуваат слободно во културниот живот на заедницата
Цели
  • Да се развие разбирање за социјалната конструкција на верувањата
  • Да се развијат вештини за критичко размислување и дискусија
  • Да се култивираат ставови на отвореност и истражување
Материјали
Подготовка
  • Копирајте го листот од прилогот, додајте повеќе изјави или избришете ако е потребно и исечете ги изјавите. Направете по еден сет на картички за (секоја) мала група
compass-key-date
  • 5 ОктомвриСветски ден на наставниците

Инструкции

  1.  Објаснете дека оваа активност е за тоа како верувањата се менуваат со текот на времето. Најнапред учесниците дискутираат за верувањата што ги имаа минатите генерации, но кои сега се застарени, а потоа тие ќе разговараат за тие верувањата што ги имаат тие, а кои нивните деца и внуци ќе ги сметаат за застарени.
  2.  Бура на идеи за тоа што луѓето разбираат под зборот „верување“.
  3.  Сега побарајте од учесниците да направат мали групи од по 5-6.
  4.  Секоја група треба да избере некој што ќе направи сумарни забелешки на голем лист хартија и кој ќе даде повратна информација на пленарната седница.
  5.  Замолете ги групите да ги разгледаат изјавите и да изберат 5 кои се промениле од времето на нивните баби и дедовци и на кои тие би сакале да работат.
  6.  Земете ги избраните картички една по една и разговарајте за верувањата што ги имале нивните баби и дедовци во врска со изјавата. Од каде дошле тие верувања? Како биле засилени? Гледајќи наназад, дали тие биле мудри верувања? Зошто/зошто не?
  7.  Потоа обидете се да замислите каков би можел да биде животот во времето на вашите деца или внуци и разговарајте за тоа во што тие ќе веруваат. На кој начин нивните верувања во врска со избраните изјави ќе бидат различни од вашите? Зошто тие ќе бидат различни?
  8.  Доведете ги групите во пленарна сесија и замолете секоја група да извести накратко за нивните заклучоци.

Резимирање и евалуација Goto top

„Спин"е начин на презентирање информации или ситуација на посебен начин, особено на таков што те прави тебе или твоите идеи да изгледа добри (од Оксфордски речник)

Започнете со краток преглед на активноста, а потоа продолжете да разговарате за предизвиците на живеење во глобализиран свет каде што верувањата и вредностите се менуваат.

  • Дали имало големи несогласувања внатре во групите?
  • Каква е споредбата од повратните информации од различните групи?
  • Од каде ги добиваме нашите верувања? Дали има некои општи работи што треба да се кажат за тоа како било во минатото и како ќе биде поинаку во иднина?
  • Зошто се менуваат верувањата?
  • Дали има апсолутни верувања? Ако има, кои видови на верувања и зошто? Ако нема, зошто верувањата не се апсолутни?
  • Кои се предностите да се има заеднички верувања?
  • Како нашите верувања нè ограничуваат?
  • Што ќе ве натера да ги промените вашите верувања?
  • Колку е лесно да се променат верувањата? Кои видови на верувања се потешки, а кои се полесни да се променат? Зошто?
  • Како луѓето можат да се заштитат од пропаганда и лажни тврдења, на пр.спинови од страница на политичарите, сомнежи од климатските скептици или трикови од лажни организации за да ги добијат вашите пари?
  • Дадете примери на ограничувања на правото на слобода на мислење и изразување. Кој треба да одлучи какви треба да бидат овие ограничувања?
  • Можете ли да наведете примери за кршење на слободата на мислата, совеста и религијата во вашата заедница, државата, Европа и во светот пошироко?

Совети за обучувачите Goto top

Иако учесниците работат во мали групи, некои поединци може да се чувствуваат срамежливи за да ги искажат нивните мислења во врска со некои од проблемите. Еден начин да се избегне ова е во малите групи нека бидат пријатели или оние кои се чувствуваат удобно да работат заедно едни со други. Друг начин е прво на луѓето да им се дадат помалку „загрозувачки“ теми, а потоа, како што расте довербата, да се презентираат поконтроверзни.

Процесот на градење свет во кој човековите права се почитуваат како норма значи предизвикување на верувањата на повеќето луѓе на еден или друг начин. Така, поентата на оваа активност е даги охрабрат учесниците да разберат дека верувањата на луѓето се социјални конструкции и производи на општеството и времето во кое живеат. Се надеваме дека на крајот од активноста учесниците ќе бидат повеќе свесни за тоа зошто верувањата се длабоко вкоренети и тешко се гледаат објективно. Исто така, ќе сфатат дека е потребно образование, презентација на јасни, фактички докази и вештини на добро критичко размислувањеза промена на верувањата кои се или штетни или едноставно -застарени.

Зборот „верување“ често се користи во однос на религијата, како на пример кога луѓето зборуваат за нивното „верување во Бога“. Сепак, треба да се осигурате дека на учесниците им е јасно значењето на зборот. Верувањето е претпоставена вистина. Така, сè е верување. Ние создаваме верувања за да го зацврстиме нашето разбирање за светот околу себе и така, откако ќе формираме верување, ќе се трудиме да се држиме до тоа верување. Има цело богатство на информации за тоа што се верувањата, како се формираат и како функционираат на http://changingminds.org.

ВаријацииGoto top

Внесете некои од овие идеи во целата група користејќи ја техниката на вежбата "Изјава" . Во оваа варијанта учесниците не е потребно да кажат нешто; тие може да ги слушаат гледиштата на другите луѓе и да им помогне да ги разберат работите подобро. 

Предлози за следни активности Goto top

Во зависност од тоа како се развиле дискусиите, можете да продолжите да ги истражувате верувањата за личните односи во активностите "Ајде да зборуваме за секс!" или "Верници".

Можеби ќе сакате да продолжите со решавање на правото на слобода на религијата и верувањето со активноста "Џамија во Слипивил" која го истражува спорот околу изградбата на нова џамија во традиционално христијанска област преку симулација на состанок на градскиот совет.

Идеи за акција Goto top

Заедно со вашите пријатели или соученици, изберете колективно верување кое може да е предрасуда или да дискриминира луѓе во вашето место, на пример, верувања за хомосексуалноста, употребата на контрацепција, абортусот, надворешните односи или улогите на девојчињата/момчињата. Поканете некоја НВО или друга организација да дојде да зборува за оваа тема и ќе разберете повеќе за проблемот. Потоа одлучете каква акција сакате да ја преземете.

Вие исто така може да креирате и да продуцирате претстава за избраното прашање која ќе ја играте во вашата локална заедница. Запомнете дека е полесно да соберете публика да дојде и да гледа доколку тајмингот на изведбата се совпаѓа со еден од меѓународните или европските комеморативни денови.

Ако се чувствувате комотно да го направите тоа, прилагодете ја оваа вежба да ја направите за време на неформално дружења со вашите пријатели, семејството и колеги. Прашајте ги за нивните мислења/верувања за одредени прашања. Сепак, бидете внимателни, бидејќи некои луѓе може да бидат многу чувствителни за одредени прашања.

Понатамошни информации Goto top

Верувањето е уверување дека сугестијата, изјавата или идејата се вистински. Луѓето може да кажат дека тие веруваат дека нешто е вистина од различни причини: затоа што го виделе/ посведочиле за тоа или заради лично искуство, затоа што постојат добри докази за да веруваат или затоа што тие имаат верба.

Вербата е верувањево сигурностана вистината или веродостојноста на личност, идеја или нешто. Тое е верувањето дека нешто е вистина, бидејќи некој авторитет така вели. Вербата може да има многу специфично значење во некои верски контексти.

Разбирањето за тоа како се развиваат верувањата е важен чекор во промовирањето на културата на човековите права. Проучувајќи го формирањето на верувањата и односот помеѓу верувањата и дејствувањето, психолозите откриле дека верувањата се формираат на различни начини.

  • Имаме тенденција да ги интернализираме верувањата на луѓето околу нас за време на детството. Алберт Ајнштајн е често цитиранкога рекол дека здравиот разум е збир на предрасуди стекнати до осумнаесет-годишна возраст. Политичките верувања најмногу зависат од политичките уверувања, најчесто од заедницата во која живееме. Повеќето поединци веруваат во религијата на која што биле учени во детството.
  • Луѓето можат да прифатат верувања на харизматичен лидер, дури и ако тие верувања се спротивни на сите нивни претходни верувања и предизвикуваат акции кои очигледно не се во нивен личен интерес. Во такви случаи, рационалните поединци се обидуваат да ја усогласат својата непосредна реалност соверувањето и контрадикциите, состојба позната како когнитивна дисонанца.
  • Повторувањето ги формира верувањата, како и асоцијациите на верувањата со, на пример, слики од секс, љубов и другите силни позитивни емоции. Ова е основно верување на рекламната индустријата.
  • Физичките трауми, особено на главата, можат радикално да ги променат верувањата на едно лице.
  • Дури и образовани луѓе, свесни за процесот со кој се формираат верувањата, силно се држат за своите верувања и дејствуваат врз тие верувања дури и против сопствениот личен интерес.

 На прославите за Светскиот ден на наставниците 2010 година, Прабхакара Шишила од Меморијалниот колеџ Сулија Нехру, рече: „наставниците треба да го вградат квалитетот на рационалното размислување кај учениците“. Дали се согласувате?

ПрилозиGoto top

Преземи во PDF

Верувањето дека земјата е рамна Верување дека смрната казната е оправдана Верување дека сексот пред брак е грев Верувањето дека луѓето можат да се ослободат од сексуално пренослива болест преку нејзино предавање во сексуален однос со девица
Верување дека е чест да се умре за вашиот цар, земја или религија Верувања дека пушењето не е навистина толку лошо за твоето здравје Верувања за употребата на дрога и алкохол. Верувањето дека расите може да се разликуваат преку бојата на кожата, типот на лице,обликот на черепот,профилот, големина, текстурата и бојата на косата
Верувања за воспитување и дисциплинирање на деца Верувања дека различните раси ги одразуваат разликите во моралниот карактер и интелигенција Верувања дека менталната болест е срамна Верувања за машки и женски улоги во семејството
Верувања во врска со јадење месо  Верување во почит кон полицијата и другите органи Верување дека Цунами и торнада се Божја казна за гревовите на човештвото Верувања во врска со абортус и сурогат родителството
Верувања за контрацепција и користење на контрацепција Верувања за третманот на криминалците: затвор наспроти рехабилитација Верувања во врска со порнографијата и проституција Верувања во врска со истополови бракови
Верувања во врска со помагање самоубиство на терминално болни пациенти Верувања дека розово е за женски, а сино за машки бебиња Верувања во врска со машките и женските способности да прават иста работа Верувања дека девојките и момчињата треба да имаат различни игри
Верувања за врски надвор од бракот Верувања во врска со тетоважи и пирсинг Верувања во врска со имање на деца надвор од брак Верувања во врска со богохулење
Верувања за немање на религија Верувања за одење топлес/да се биде натуралист Верувања во врска со мастурбација/сексуалност Верувања во врска со развод/ верувања во врска со еднородитество

 

1Констанс Бејкер Мотли,која рече: "Нешто штомислиме дека е невозможно сега,не е невозможно во другадеценија” беше прва Црна Жена во САД која стана федерален судија во 1966 година.