Некои луѓе се борат за своите соништа, некои се борат за богатство и моќ! 

Преглед

Оваа активност ја симулира борбата за богатство и моќ, нееднаквост и неправедноста на сиромаштијата

Поврзани права
  • Еднаквост во достоинството и правата
  • Право на соодветен животен стандард
  • Право на здравје, храна и засолниште
Цели
  • Да се развие разбирање за неправдите кои произлегуваат од нееднаквата распределба на богатството и моќта
  • Да се развијат вештини за критичко размислување
  • Да се промовира почит за човековото достоинство и чувство на правда
Материјали
  • 120 монети
  • 3 до 4 пара чорапи
  • 2 големи лисја хартија и маркери
  • Хартија и пенкала
  • Отворен простор
Подготовка
  • Прочитајте ги упатствата за да имате увид за целата активност. Имајте на ум дека симулацијата е поделена во три делови: дел 1,Брканица(10 минути); дел 2, Донации(10 минути); и дел 3, Создавање економска праведност (40 минути).Дискусијата следи на крајот.
  • Земете 20 монети и оставете ги на страница,
  • Изберете три лица за да ја преземете улогата на мигранти,
  • Направете табела да го запишувате богатството на играчите (види илустрација),
  • Подгответе табела со наслов „Почитувани донатори“,
compass-key-date
  • 17 ОктомвриМеѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Инструкции

Објаснете дека ова е игра на симулација. Учесниците ќе го дистрибуираат светското богатство имоќ помеѓу себе.

Дел 1: Брканица (10 минути) 
1. Објаснете дека целта на играта е да добиете колку што може повеќе монети.Постои само едно правило: ниту еден учесник, никогаш не смее да допре друг член од групата. (За ова може да предвидите казна, на пример, плаќање на 1 монета).
2. Замолете ги сите, освен оние што играат „мигранти“ да седат на подот во голем круг (за да имаат доволно простор за играње).
3. Земете ги дваесетте монети тргнати на страница и сите поделете ги помеѓу четири или пет учесници.
4. На други четворица учесници дајте им по еден пар чорапи. Кажете им дека мора да ги стават на рацете и да ги држат во текот на целата игра. Одложете ги сите дискусии за причините за делење на монетите и чорапите сè до резимирањето.
5. Расфрлете 100 монети (парички) рамномерно во средината на кругот.
6. На зборот „Сега!“ учесниците собираат што е можно повеќе монети. Ова веројатно нема да трае подолго од 2 минути!
7. Откако ќе се земат сите монети, замолете ги учесниците да го пријават своето богатство на останатите од групата. На табелата за богатство, запишете го името на секој учесник и бројот на монети што ги имаат.
8. Потсетете ја групата дека овие монети го претставуваат нивното богатство и моќ во светот. Износот што го поседуваат ќе влијае на нивниот капацитет да си ги задоволат нивните потреби (на пример, за храна, домување, облека, здравствена заштита и основно образование) и нивните желби (на пример, повисоко образование, автомобили, компјутери, играчки, телевизија, одмор и други луксузни предмети). Импликациите се како што следува:

  • шест или повеќе монети - луѓето ќе можат да ги исполнат сите нивни основни “потреби” и повеќето од нивните “желби”
  • три до пет монети - луѓето ќе можат да ги задоволат своите основни потреби
  • две или помалку монети - луѓето ќе имаат потешкотии да преживеат поради болест, недоволна исхранетост, несоодветно засолниште и недостаток на образование за да добијат работа.

Дел 2: Донации (10 минути)
1. Кажете им на учесниците дека, доколку сакаат, можат да им даваат пари на други лица. Сепак, тое не се бара од нив да го направат. Кажете им дека оние кои што споделуваат ќе бидат почестени како донатори и нивните имиња ќе бидат напишани на листата на „Почитувани донатори“.
2. Дозволете им на учесниците 3-4 минути да ги редистрибуираат монетите ако сакаат.
3. Потоа побарајте ги имињата на оние кои дале монети и износот што секој од нив го донирал. Напишете ги на табелата на „Почитувани донатори“.
4. Прашајте дали некој ја променил категоријата како резултат на давање или примање монети и запишете ги овие промени на табелата со стрелки.

Дел 3: Креирање економска праведност (40 минути)
1.Поделете ги играчите во три групи според бројот на монети што ги имаат (најголемо богатство, средно богатство и мало богатство)
2. Ставете еден од „мигрантите“ во секоја од трите групи. Забележете ги нивните реакции што се ставени во една група наместо друга, но зачувајте било каква дискусија за нивното сместување до резимирањето на крајот.
3. Поделете им пенкала и хартија. Дајте им на секоја група задача да направи план за праведна дистрибуција на монетите (светското богатство), со цел да се намали јазот помеѓу различни категории на богатство и моќ. Планот за акција на секоја група треба да: - Објасни што треба да се направи (ако нешто треба) - Опише што планира групата да направи и зошто, и - Да покажете зошто нивниот план е праведен.
4. Дајте им на групите десет минути за да ги осмислат своите планови. Објаснете дека не е неопходно да се оди премногу длабоко во изработката на планот, туку само да се истакнат некои можни активности кои треба да се направат за решавање на проблемот со сиромаштијата.
5. Побарајте од секоја група да назначи портпарол за да го објасни планоти да одговори на прашањата на другите. Напишете ги предложените планови на голем лист хартија.
6. Сега објавуваме дека ќе се одржи гласање за да се одлучи кој план ќе се усвои. Дистрибуцијата на гласовите ќе бидат како што следува:
- секој учесник од групата со „Големо богатство и моќ“- пет гласови
- секој учесник од групата со „Средно богатства и моќ“ - два гласа
- секој учесник во групата со „Мало богатство и моќ“ - половина глас
7. Кажете им на учесниците да гласаат. Запишете ги гласовите за секој план на големиот лист хартија. Објавете кој план треба да се спроведе.
8. Извршете го овој план, прераспределете го богатството ако е потребно.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете со кратки повратни информации за самата активност и за тоа како им се допадна на луѓето. Потоа продолжете да разговарате за тоа што се случи, што луѓето научиле и за односот што активноста ја има со човековите права. Подгответе ги следните прашања за да ја прoдолжите дискусијата.

  • Како учесниците се почувствуваа за начинот на стекнување и дистрибуција на монетите? Дали беа правично третирани? 
  • Зошто оние што дале пари го направиле тоа? За да ѝм се оддаде почит? Затоа што се чувствуваа виновни? Нешто друго?
  • Како се чувствуваа учесниците кои добија парички во делот 2? Благодарни? Патронизирани?
  • Што е пак со учесниците со чорапи? Кои луѓе ги претставуваат? Во кои групи завршија?
  • Што е со трите учесници, „мигрантите“, доделени на групите? Дали тие чувствуваа дека се правично третирани? Дали тоа што им се случи е слично на она што им се случува на луѓе ширум светот? На кои луѓе? Дали е само случајност каде завршуваме?
  • Какви разликите имаше во препорачаните планови за правична дистрибуција? Дали плановите го одразуваат богатството на групата што го правеше предлогот?
  • Зошто на некои луѓе им беше дадено да имаат повеќе гласови од другите? Дали е ова правично претставување на оние со поголема или помала моќ во светот?
  • Дали човековите права се прекршени во ситуации каде има вакви разлики во богатството и моќта? Ако е така, кои права?
  • Кои се тие што „имаат“ и тие што „немаат“ во светот, во вашата земја и во вашата заедница? Како дојдоа да бидат на овие позиции?
  • Дали треба тие што „имаат“да се загрижени за состојбата на оние што „немаат“? Од кои причини? Безбедносни, економски, морални/верски или политички причини? Зошто тие што „ имаат“ би им давале пари или ресурси на оние кои „немаат“? Дали е ова начин да се решат проблемите со сиромаштијата?
  • Што би можеле да направат оние кои „немаат“ за да ја подобрат својата ситуација? Кои се некои од акциите што оние кои „немаат“ ги презеле низ светот и во нашата земја за да се справат со нееднаквостите на богатството и моќта?
  • Дали мислите дека треба да има прераспределба на богатството и моќта насекаде низ светот? Зошто да или зошто не? Ако да, како би предложиле да се направи обид да го остварите тоа? Кои принципи ќе ги водат вашите предлози за промени?
  • Може ли да се користи дискурсот за човековите права за да се поддржи новата прераспределба на богатството?

Совети за обучувачитеGoto top

Целта на оваа активност е да ги направи луѓето свесни за нееднаквата распределба на богатството и моќта во светот, сепак постои опасност дека таа може да ги потврди постојните нееднаквости. Заради тоа вие треба да бидете свесни за социјалниот и економскиот состав на групата и да ја развиете дискусијата соодветно.
Нагласете дека, како и во реалниот живот, ако подарат дел од своите монети, тие ќе изгубат дел од нивното богатство и привилегиите што богатството ги носи.

Обидете се да ги внесете учесниците во духот на играта, за да се вклучат и навистина да “се однесуваат“ како дека монетите се нивно богатство. Можете да им кажете дека ќе им биде дозволено да ги чуваат монетите и после активноста или за време на паузата за кафе/чај, дека ќе можат да „купат“ пијалаци и/или бисквити со парите. Ако е премногу топло да користите чорапи, користете други средства за да се нагласи дека некои играчи имаат повеќе богатство и моќ од другите. На пример, некои учесници може да се држат назад и да им се дозволи да се приклучат по 15 до 30 секунди. Во дел 3, „создавање економска праведност“ може да создадете чувства на привилегираност и обесправеност со давање, на пример:

  • оние со големи богатства: маси, столици, чаши вода, бисквити, и така натаму
  • оние со средно богатство: неколку столици
  • оние со мало богатство: ништо, освен можеби круг на подот во кој луѓето треба да седнат.

Прашањата во резимирањето и евалуацијата се комплексни и може да бараат длабоки и многу долги дискусии. Ако времето е кратко или групата е голема, можеби ќе сакате да ги поделите прашања за во помалите групи. Овие мали групи треба да бидат „мешани“, односно да вклучуваат луѓе од секоја категорија на богатство. Осигурајте се дека дека различните групи ќе имаат можност за фидбек на пленарната седница, за да секој има можност да слушне и да рефлектира за сите прашања.

ВаријацииGoto top

Работниот дел од активноста, исто така, може да се прилагоди за да се покренат прашања за попреченоста. Некои играчи може да имаат една рака врзана зад грб: ако тие се десничари треба да ги користат нивните леви раце или обратно. На некои може да им се врзат очите, други може да лежат на подот, други може ќе треба да седат на столици, така што тие треба да се наведнуваат до подот, некои можеби ќе треба да седат со скрстени нозе и не може да се движат, други може да се движат и така натаму.

Предлози за следни активности Goto top

Постојат многу различни начини на разбирање на концептот на „богатство“, на пример колкав е бројот на сиромашни во општеството, стапките на морталитет и Индексот на човековиот развој.Организирајте дискусија за тоа што значи „богатство“ за членовите на вашата група? Можете да поканите некој од невладина организација за да даде придонес. 

Можете да дискутирате за проблемите дополнително или да побарате од учесниците да напишат извештај. Предложени теми се:
Како богатството и моќта влијаат на способноста на човекот да ужива во човековите права и човечкото достоинство?
Дали постојат одговорности поврзани со поседувањето на богатство и моќта?

Групата можеби ќе сака да продолжи со темата за богатството и нејзината дистрибуција со активноста "Колку нам ни е потребно?".

Идеи за акција Goto top

Направете контакт со организација која работи со обесправените во вашата заедница за да ги утврди локалните потреби. Потоа продолжете и планирајте проект за да се обидете да помогнете. Понекогаш едноставниот факт на „проширување на зборот“за некое прашање е добар чекор напред за правење промени. Така, можете да сугерирате луѓето да ги поттикнат прашањата за распределба на богатството со нивните родители и пријатели.

Понатамошни информации Goto top

Купување на производи по фер цени е моќен начин за поддршка на производителите во земјите во развој. Фер-цените им помагаатна работниците и земјоделците да заработатза пристоен животи да обезбедатподобар живот за себе.
http://www.fairtrade.net/
http://www.european-fair-trade-association.org

Локалните системи за размена и трговија (ЛСРТ) се трговски мрежи, обично локални, кои користат нивни сопствени внатрешни валути. Тие се ко-оперативни и контролирани од корисниците, па така луѓето со поголемЛСРТудел од другите не се помоќни ине можат да потрошат повеќе отколку што е нивниот дел од ресурсите. Тоа е докажан начин за стимулирање на локалната економија, особено во неразвиените градови. Внесете „Локални системи за размена и трговија“(Local Exchange Trading Systems) во пребарувач или одете на http://www.gmlets.u-net.com/.

Статистики за различни начини за мерење на богатството и сиромаштијата може да се најдат во делот Сиромаштија во Поглавје 5.Goto top