Back Унапредување на бесплатната правна помош во Северна Македонија – партнерите и корисниците на проектот дискутираа за клучните резултати и предизвици на последниот состанок на Управниот одбор

Унапредување на бесплатната правна помош во Северна Македонија – партнерите и корисниците на проектот дискутираа за клучните резултати и предизвици на последниот состанок на Управниот одбор

Со цел да се направи преглед на постигнувањата на проектот, на 23 ноември 2022 година во Скопје се одржа шестиот состанок на Управниот одбор на заедничкиот проект на ЕУ и на СнЕ, „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија “.

На состанокот се собраа претставници од Министерството за правда (МП) и неговите подрачни одделенија и канцеларии, Адвокатската комора,  Фондацијата отворено општество Македонија, Министерството за надворешни работи, Делегација на Европската унија во Северна Македонија и тимот на проектот за да ги дискутираат клучните резултати од изминатиот период и да разменат мислења за активностите планирани во рамките на третата фаза од програмата Хоризонтален инструмент.

Во презентирањето на резултатите, особен фокус беше даден на активностите поврзани со кампањата за подигање на свеста за бесплатната правна помош (којашто започна во октомври 2020 година и допре до повеќе од половина милион луѓе) и на градењето на капацитетите на давателите на правна помош. Беа презентирани статистички податоци коишто покажуваат дека според Годишниот извештај на МП за 2021 година, бројот на лица што примиле примарна правна помош во подрачните одделенија на Министерството за правда бележи зголемување од 299% во споредба со 2019 година, како резултат на кампањата. Вкупниот број на одобрени барања за секундарна правна помош бележи зголемување од 125% во 2021 година, во споредба со 2019 година.

На состанокот беше нагласено дека проектот има постигнато значителен напредок во зајакнувањето на координацијата и комуникацијата меѓу клучните засегнати страни на национално ниво преку поддршка на состаноците на Националното координативно тело за спроведување на Законот за бесплатна правна помош (НКТ). Понатаму, проектот успеа и ефективно да одговори на итните потреби на Министерството за правда во изминатиот период. Овие постигнувања ги зголемија квалитетот и ефикасноста на давањето на БПП на граѓаните на Северна Македонија што беше забележано и во Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија за 2022 година.

Членовите на Управниот одбор се согласија дека постои значителна потреба проектот да продолжи и во следната фаза (во рамките на програмата Хоризонтален инструмент III) и да се фокусира на зајакнување на капацитетите и на квалитетот на услугите на подрачните одделенија на Министерството за правда, на Адвокатската комора и на граѓанските организации и правни клиники овластени за давање на БПП, давајќи експертска поддршка на Министерството за правда и неговото Одделение за БПП за хармонизирање на одредбите, политиките и практиките поврзани со бесплатната правна помош, собирање на податоци и преструктуирање на ова одделение.  Натамошна поддршка и особен фокус се потребни во областа на кривичните постапки.

Проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” е дел од “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.”, заедничка програма на Европската унија и на Советот на Европа, спроведувана од Советот на Европа, којашто им овозможува на земјите-кориснички да ги остварат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеење на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, вклучувајќи, каде што е соодветно, во рамките на процесот на проширување на ЕУ.

Скопје 24 ноември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page