Back Поддршка за градењето на капацитетите на адвокатите и правниците во Северна Македонија преку Веб-платформа на Адвокатската комора

Поддршка за градењето на капацитетите на адвокатите и правниците во Северна Македонија преку Веб-платформа на Адвокатската комора

Со поддршка на проектот на ЕУ и на Советот на Европа, “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, се одржа дводневна обука на обучувачи со цел да им се помогне на идните тутори да ја разберат и научат да ја користат Веб-платформата со ресурси на Адвокатската комора. Оваа единствена Веб-платформа ќе служи за одржување на планираните обуки за правниците од подрачните канцеларии на Министерството за правда од областа на бесплатната правна помош, семејното насилство и правдата за деца.

Учесниците добија обука за повеќе функции на оваа платформа, вклучувајќи креирање на соодветни курсеви на платформата, како да се постигне интеракција со учесниците на обуката, како да се креира и внесе соодветна литература, презентации и материјали итн.

Обуката ја одржа консултантот на Советот на Европа, г-а Бојана Неткова, адвокат и заменик-член на Надзорниот одбор на Адвокатската комора, користејќи практични вежби и чекор-по-чекор алатки со цел да им помогне на учесниците на обуката да ги стекнат неопходните вештини за одржување на планираните обуки.

Се очекува обуките за правниците и за вработените во Министерството за правда, со користење на оваа платформа, да започнат на почетокот на следната година.

Активноста се одржа во рамките на проектот “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”, кој е дел од програмата “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022”, како заеднички проект на Европската унија / Советот на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.

Скопје 21 декември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page