Back

Интегрирање на европските стандарди во борбата против дискриминација во Северна Македонија

Скопје 9 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Интегрирање на европските стандарди во борбата против дискриминација во Северна Македонија

Во напорите да им се помогне на институциите во Северна Македонија да постигнат поголемо усогласување со европските стандарди во полето на анти-дискриминација и заштита на правата на ранливите групи, Horizonal Facility II, заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, го поддржува Министерството за труд и социјална политика да ги интегрира препораките од Европската комисија против расизам и нетолеранција во реформите и политиките во областа на анти-дискриминацијата.

Со поддршка на заедничкиот проект „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“, беше овозможена клучна експертиза и знаења, вклучувајќи го и поранешниот претседавач на ЕКРН, Кристијан Ахлунд. Експертите работеа со главните чинители во подготовките на Националниот извештај за статусот на спроведување на препораките на ЕКРН за Северна Македонија, кој ќе даде важни информации за постигнатиот прогрес и преглед на полињата каде што треба дополнително да се работи.

Во процесот на завршување на извештајот, се одржа консултативен состанок помеѓу експертите на Советот на Европа и Националното координативно тело за анти-дискриминација, добивајќи дополнителни коментари, информации и одговори од учесниците. Националното координативно тело за анти-дискриминација е тело составено од претставници од релевантни државни институции, невладини организации, меѓународни организации кои работат во областа на анти-дискриминација и заштита на човекови права.

Состанокот беше можност да се слушнат и разменат различни погледи и забелешки од учесниците, дополнително придонесувајќи за усогласување на тековните реформи во полето на заштита на човекови права во Северна Македонија со европските стандарди и вредности и зајакнувајќи ги напорите на институциите да се борат против дискриминација и расизам.

Проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ е дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа.