Back

Онјалн курсот ХЕЛП на темата Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права започнат во Северна Македонија

Скопје 2 септември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Онјалн курсот ХЕЛП на темата Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права започнат во Северна Македонија

60 кандидати за судии и јавни обвинители во Северна Македонија учествуваа во отпочнувањето на курсот на Програмата ХЕЛП на Советот на Европа на темата Вовед во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 2 сепември 2020 г. Овој онлајн ХЕЛП курс се спроведува во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија („Академијата“) и е задолжителен во програмата за почетна обука на Академијата.

Онлајн-настанот беше отворен од страна на Наташа Габер – Дамјановска, Директорка на Академијата, која ги поздрави учесниците со воведно обраќање. ХЕЛП Програмата и Методологијата за обука на правни професионалци беа презентирани пред учесниците на настанот.

Мирјана Лазарова – Трајковска, судија во Врховниот суд и поранешен судија во Европскиот суд за човекови права, ги воведе учесниците во ЕКЧП и нејзиното спроведување на домашно ниво. Даница Џонова, Владин агент пред ЕСЧП, ја илустрираше постапката на извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП од страна на државите-членки на ЕКЧП, како и надзорот над извршувањето од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа.

Овој ХЕЛП курс ќе се спроведува преку онлајн платформата на Програмата ХЕЛП на Советот на Европа и ќе биде модериран од страна на ХЕЛП туторите Наташа Габер – Дамјановска и Велимир Деловски. Во следниот период, учесниците ќе имаат можност да го продлабочат своето знаење за, меѓу другото, структурата на ЕКЧП, нејзиното толкување од страна на ЕСЧП, работата на ЕСЧП, патот на една жалба (апликација) пред ЕСЧП, како и за процесот на извршување на пресудите и одлуките на ЕСЧП.

Модел-курсот ХЕЛП на темата Вовед во ЕКЧП и ЕСЧП беше објавен на Платформата ХЕЛП во нова, ажурирана и модернизирана верзија на 31 март 2020 г. Оттогаш, повеќе од 3000 корисници на Платформата ХЕЛП се вклучени во верзијата на курсот за самостојно учење. Курсот веќе беше спроведен во соработка со судските академии во неколку земји-членки на Советот на Европа и беше интегриран во програмите на судските академии во земји како Србија, Италија итн.

Овој онлајн курс се спроведува во рамките на проектот „ХЕЛП во Западниот Балкан“, кој е дел од Заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа "Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey 2019-2020".