Back Првите 100 адвокати и правници од Северна Македонија добија обука за анти-дискриминација

Првите 100 адвокати и правници од Северна Македонија добија обука за анти-дискриминација

Институциите и клучните актери во полето на анти-дискриминација во Северна Македонија работат со Европската Унија и Советот на Европа во напорите да се унапреди борбата против нееднаквоста и дискриминацијата во линија со европските стандарди и клучните препораки на телата за мониторинг на Совет на Европа. Неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од дискриминација претставува многу важен чекор кон обезбедувањето на поефективен механизам на заштита на човековите права на граѓаните на Северна Македонија.

Со цел да им се даде поддршка на македонските адвокати и правници во процесот на спроведување на новиот закон и во процесот на адресирање на случаи на дискриминација, на 25 јануари 2021 година, во сорабока со Адвокатската комора на Република Северна Македонија, започна првиот HELP онлајн курс за анти-дискриминација за повеќе од 100 македонски адвокати и правници кои работат во ова поле.

Имајќи го предвид високиот интерес, HELP онлајн курсот за втората група правници ќе започне на 8 февруари 2021 година, со цел да овозможи важни информации и знаења и да го направи курсот пристапен за што е можно повеќе правници и адвокати. Бесплатниот HELP онлајн курс е достапен на онлајн платформата на HELP, и тоа на неколку јазици, вклучувајќи и англиски и македонски јазик.

Спроведувањето на HELP онлајн курсот за анти-дискриминација е заедничка иницијатива на проектите „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ и „HELP во Западен Балкан“, кои се дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“.

Северна Македонија 25 јануари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page