Back

Продолжува регионалната кампања на Европската Унија и Советот на Европа: Блокирај ја омразата. Сподели љубов!

Западен Балкан 4 мај 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Продолжува регионалната кампања на Европската Унија и Советот на Европа: Блокирај ја омразата. Сподели љубов!

Од официјалното лансирање на средина на декември, регионалната кампања против говор на омраза продолжува да допира до широката публика низ регионот на Западен Балкан. Профилите на кампањата на Фејсбук, Твитер и Инстаграм на дневна основа имаат сè повеќе посети.

Меглена Кунева, амбасадорка на ЕУ во Совет на Европа и Верена Тејлор, директорка на Канцеларијата на Генералниот директорат за програми на Совет на Европа, ги кренаа своите гласови во борбата против говор на омраза во најновото видео од кампањата, кое беше промовирано денес. Целта на видеото е да сподели повеќе детали со следачите на регионалната кампања за главните цели и опсегот на кампањата, како и важноста да останеме вклучени и обединети против говорот на омраза.

Видеото исто така има за цел на следачите да им ги престави основните алатки на регионалната кампања, вклучувајќи ја и веб-страницата, која содржи повеќе ресурси за активистите од граѓанскиот сектор, застапниците за човекови права и граѓаните, преведени на повеќе јазици. При крајот на видеото, следачите ќе имаат можност накратко да ги видат нашите амбасадори против говорот на омраза, истакнати јавни личности од регионот, кои наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста и ќе земат активно учество во регионалната кампања.

Погледнете ги видеата од лансирањето на кампањата на англиски, албански, босански, македонски или српски јазик.


Кампањата се спроведува во рамки на проектот Промоција на различноста и еднаквоста на Западен Балкан”, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“, која ја спроведува Одделот за анти-дискриминација на Совет на Европа.