Back Европски ден за борба против трговијата со луѓе: државите мораат итно да се справат со трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација

Photo: Shutterstock

Photo: Shutterstock

По повод Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе (18-ти октомври), Групата на експерти на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) ја нагласи итната потреба од справување со се поголемата закана од трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација.

Хелга Гајер, претседателката на ГРЕТА, изјави „Трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација е во постојан раст во сите земји-членки на Советот на Европа, и влијае на животите на се поголем број на мажи, жени и деца. Се случува во сите сектори на економијата, вклучувајќи ја и домашната работа, нерегулираните сектори и неформалната економија.

„Советот на Европа воспостави сеопфатни стандарди за помош на државите во справувањето со трговијата со луѓе, кои од неодамна се дополнително зајакнати преку усвојувањето на новите препораки на Комитетот на министри со посебен фокус на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација.“

Мониторинг извештајот на ГРЕТА покажува дека трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација стана главна форма на трговија со луѓе кај се поголем број на европски држави, опфаќајќи над 50% од идентификуваните жртви во држави како Белгија, Латвија, Малта, Република Молдавија, Португалија и Обединетото Кралство.

Сиромаштијата, невработеноста и неформалната економија која е во пораст, заедно со побарувачката на евтина работна сила и услуги, се фактори кои водат до трговија со луѓе заради трудова експлоатација. КОВИД-19 пандемијата и руската агресија врз Украина ја зголемија ранливоста од трговијата со луѓе. Се поголем број на жртви се врбуваат преку социјалните медиуми, додека користењето на информатички и комуникациски технологии претставуваат дополнителни предизвици во истрагата и кривичното гонење на случаите за трговија со луѓе, како што е нагласено во скоро објавениот тематски извештај на ГРЕТА.

Новите препораки од Комитетот на министри на Советот на Европа ги повикуваат државите да донесат национални закони, политики и стратегии за справување со трговијата со луѓе за трудова експлоатација.

Меморандумот со појаснување содржи сеопфатен пакет на мерки, покривајќи ја законската регулатива и инспекциските мерки, идентификувањето на жртви, нивниот пристап до ефективни правни лекови, и казнувањето на лицата одговорни за кривичните дела од областа на трговијата со луѓе. Особено внимание се става на улогата на бизнисите и нивната должност да се осигураат дека во оперативните и ланците за снабдување не се практикува експлоатација, вклучувајќи и трговија со луѓе.

Препораката се повикува на работата на ГРЕТА од областа на мониторингот, збирка на добри практики и упатство за борба против трговијата со луѓе, како и на судската пракса на Европскиот суд за човекови права и Европската социјална повелба.

Стразбург 17 октомври 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page