Back Зајакнување на капацитетите на правните професионалци/ки од Северна Македонија во делот на слободата на изразување

Зајакнување на капацитетите на правните професионалци/ки од Северна Македонија во делот на слободата на изразување

Првата последователна обука на обучувач(к)и за слободата на изразување и примената на членот 10 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во судскиот систем се одржа онлајн со 30 судии/јки, обвинители/ки и адвокати/ки од Северна Македонија. Во текот на дводневната обука учесниците/чките дискутираа и разменија клучни знаења и алатки со цел зајакнување на нивните капацитети како идни тренери/ки на тема слобода на изразување.

Во фокусот на обуката беше „Прирачникот за обука на обучувачи за слободата на изразување“ како важна алатка која ќе им помогне на идните тренери/ки во делот на слободата на изразување, а кој е ажуриран и дополнет во текот на имплементацијата на втората фаза на заедничките ЈУФРЕКС проекти на ЕУ и Советот на Европа.

Најдобрите европски пракси и клучната експертиза во полето на слободата на изразување ги презентираа двајца меѓународни експерти од Советот на Европа, кои ја водеа обуката и, меѓу другото, даваа корисни насоки за учесниците/чките како да ги прилагодат обуките на онлајн форматот.

Идните обучувачи/ки за слободата на изразување дополнително ќе бидат вклучени во иницијативи за градење на капацитетите на правните професионалци/ки со цел подобрување на примената на Европската конвенција за човекови права и судската пракса за слобода на изразување во Северна Македонија.

Овој настан е организиран во рамки на Договорот за грант со Академијата за судии и јавни обвинители како дел од проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, о потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Скопје 17 - 18 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page