Back Повик за истражувачки новинарски стории од областа на трговија со луѓе во Северна Македонија

Повик за истражувачки новинарски стории од областа на трговија со луѓе во Северна Македонија

Во рамките на проектот за „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој е дел од програмата на Европската унија / Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II, Советот на Европа објавува повик за грантови, кој е отворен за новинари и медиуми кои работат во Северна Македонија.

Преку овој повик, проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ ќе кофинансира осум (8) проекти кои ќе имаат за цел поддршка на истражувачкото новинарство за пренесување на приказни за случаи на трговија со луѓе во печатени и/или електронски медиуми.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 17 јануари 2021 година.

 Повик за предлози

 Образец за апликација

 Договор за грант

 Шаблон за буџет

 

Често поставувани прашања

Повик за истражувачки стории за трговија со луѓе во Северна Македонија

 

  • Апликација

Апликацијата и буџетот треба да се пополнат на англиски јазик. Но англискиот јазик не е тој што се оценува туку содржината на проектот.

Во апликацијата треба да се стави проектот во однос на тема која би се истражувала, каде би истражувале, кои чекори би ги презеле, интервјуа, барање за информации и слично. Извор на информации, пр. кои институции/НВОи итн. би ги консултирале.

Може апликацијата да биде поднесена од страна на редакција или од страна на новинар и соработници кои ќе бидат соодветно назначени.

Можете да аплицирате како самостоен новинар или во соработка со тим од новинари. Во тој случај не ги пополнувате прашањата/барањата што се поврзани со редакциите. Само ги внесувате вашето име, банкарски податоци и други информации релевантни за вас како новинар. Исто така ги поднесувате само оние документи кои се релевантни за во случај да аплицирате како самостоен новинар.

Кога ја пополнувате апликацијата наведувате онолку активности колку што имате предвидено во проектот за изработка на истражувачката сторија. Може да имате една или повеќе активности зависно од тоа. Една активност може да биде на пример подготовка на радио сторија. Можете да додадете дополнителни активности поврзани со подготовката и презентацијата на таа сторија. Може да имате само една активност, тоа зависи од вашиот концепт.

  • Буџет

Во буџетот ќе ги ставите трошоците до 2000 евра. Тука спаѓа ваш хонорар, хонорар на снимател, патни трошоци, дневници, работни материјали и сл., зависно од трошоците на вашиот проект за изработка на сторија, репортажа, или што и да предвидувате да направите.

Потребни е да се назначи кофинансирање од ваша страна, може да биде процент од работно време, материјали за работа и слично.

  • Сторија

Во текот на апликацијата не се очекува да се поднесе сторијата (финалниот продукт од проектот). Самата сторија, која се подготвува од страна на грантистите доаѓа во текот на имплементацијата на поднесениот проект и може да биде на македонски јазик.

Поднесувате апликација за проект со исход ТВ или радио сторија. Може да се предвидат и неколку стории, поврзани со трговија со луѓе, зависно од вашиот проект, вашата идеја и пристап кон јавниот повик.

Вие одлучувате околу времетраењето на вашата сторија.

Скопје 23 декември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page