Back Објавен Билтен бр. 2 за најновите случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување

Објавен Билтен бр. 2 за најновите случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување

Со цел унапредување на соработката со правните професионалци/ки од Западен Балкан и со цел дополнително подобрување на знаењето во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите, во рамки на регионалниот проект Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа изработено е второто издание на Билтенот за најновите случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување. Билтенот е дополнителна алатка за споделување информации кои се однесуваат на новите трендови и случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП, Судот).

 

Билтенот содржи дел од релевантните пресуди донесени во периодот помеѓу август 2020 година и јануари 2021 година во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите. Во анализираниот временски период, Европскиот суд за човекови права донесе значајни пресуди кои се однесуваат на различни делови од членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Најрелевантните случаи од судската пракса се однесуваат на испреплетени барања за заштита на слободата на изразување и слободата и безбедноста на новинар(к)ите и членовите/ките на Парламентите, посебно во однос на борбата против тероризмот и политичкото насилство. Останатите случаи се однесуваат на превентивните мерки со кои се ограничува слободата на политичкиот говор, рестрикции на пристапот до информации за прашања од јавен интерес, заштитата на новинарските извори, одговорностите на новинар(к)ите и вработените во судството при примената на слободата на изразување и дозволениот пристап на одредени медиуми при пренесувањето политички мислења.

 

Билтенот е достапен на англиски, албански, босански, македонски, црногорски и српски јазик, и е изработен во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и регионалниот проект во рамки на програмата „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“.

 

Билтенот 2

Западен Балкан 31 мај 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page