Цел

ХЕЛП ги поддржува државите-членки на Советот на Европа во имплементацијата на ЕКЧП на национално ниво, согласно со Препораката (2004) 4 на Комитетот на министри.

Низ годините, ХЕЛП стана главниот двигател на сите активности за правна обука организирани од СЕ.

Целта на ХЕЛП е да се зајакне капацитетот на судиите, адвокатите и обвинителите во сите 47 држави-членки за спроведување на ЕКЧП во нивната секојдневна работа. Навистина, правните професионалци, кои се на предната линија на заштита на човековите права, вклучувајќи ги и правата на жртвите, мораат да користат високо-квалитетно обуки. Тоа ќе осигура тие да се постојано во чекор со стандардите и судската пракса на Европскиот суд за човекови права кои постојано еволуираат.

Во свет во кој технологијата брзо еволуира и во кој луѓето секогаш бараат брз и лесен пристап до информации, се чини дека е-учењето е оптимално решение за да се пристапи кон обуките. Секако, тоа не може во сите ситуации да ги замени традиционалните обуки „лице-в-лице“, но може да им биде комплементарно. Е-учењето може во некои случаи да функционира самостојно, но исто така може да биде користено како алатка за комбиниран пристап. Ова е она што го нуди ХЕЛП преку својата платформа за е-учење, каде што се онлајн достапни голем број ресурси за обука за ЕКЧП, развиени и собрани во рамките на Програмата ХЕЛП и преведени на националните јазици на земјите-кориснички.

Постојат два главни вида ХЕЛП ресурси за обуки:

  • Курсеви за учење на далечина се достапни на определени групи правни професионалци кои учествуваат во пилот-курсеви модерирани од сертифицирани национални тутори (видете ја листата на веб-страницата). Листата на достапни курсеви (која вклучува и опис на курсевите) е достапна во каталогот на курсеви.
  • Ресурси за самостојно учење се достапни на било кој корисник кој има профил на платформата. Тие вклучуваат прирачници за обуки за методологијата и клучните концепти на ЕКЧП, како и водичи, стандардни наставни планови, нацрт-курсеви, презентации, студии на случај и курсеви за е-учење за различни членови и области од ЕКЧП.

Следењето на судската пракса на Судот во Стразбур, која еволуира брзо и широко, станува вистински предизвик за правните професионалци. Програмата ХЕЛП е исто така платформа каде тие ќе можат да бидат во чекор со новините во судската пракса на Стразбур преку лесно достапни ажурирани информации. Курсевите за самостојно учење се достапни на различни теми поврзани со ЕКЧП.

ХЕЛП спроведува обуки за обучувачи за да обезбеди висок квалитет и хармонизираност на своите курсеви за учење на далечина, комбинираните курсеви и курсевите „лице-в-лице“, обезбедувајќи им на обучувачите на ХЕЛП релевантни обуки за методологијата на ХЕЛП и платформата на ХЕЛП за е-учење. Листа на сертифицирани обучувачи за ХЕЛП е достапна на оваа веб-страница.

ХЕЛП разви прирачник за методологијата за обуки, кој ќе биде наскоро објавен. Определен број ресурси за обуките за обучувачи се достапни на платформата на разни јазици.

Зошто ХЕЛП обуки?

Методологијата на ХЕЛП и нејзината употреба на е-учење го зема предвид тешкиот временски притисок со кој се соочуваат правните професионалци во нивната секојдневна работа. Нејзината додадена вредност е во тоа што наставните планови се креирани наменски, за да ги задоволат специфичните потреби и динамиката на учење на учесниците и дозволувајќи флексибилност. Методологијата и ресурсите на ХЕЛП се систематски користени во сите активности на СЕ за градење на капацитети во врска со ЕКЧП организирани во државите-членки, вклучувајќи ги и оние во рамките на Заедничките проекти на ЕУ и СЕ.

Користењето на е-учење исто така претставува еден ефикасен начин во поглед на трошоците да се допре до колку што е можно повеќе правни професионалци низ колку што е можно повеќе држави-членки.

Технологија

  • Го проширува пристапот до обуките;
  • Го поттикнува учеството на слушателите;
  • Помага да се развие доживотно, автономно учење;
  • Користи палета ресурси преку кои се зајакнува учењето на слушателите; и
  • Препознава каде технологијата може да го зајакне учењето и наставата.