Back Нов ХЕЛП курс и доделување на сертификати

@ Council of Europe

@ Council of Europe

Курсот на ХЕЛП и УКХЦР за „Азилот и Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП)“ е воспоставен  за мешана група на управни судии и адвокати во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Учесниците беа поздравени од судијата Анета Арнаудовска, директорка на Академијата,  и Моника Мартинез, раководителка на активностите на Програмската канцеларија на Советот на Европа во „поранешната југословенска Република Македонија“.

По презентацијата на ХЕЛП и нејзините курсеви на далечина од страна на Валентина Боз од „ХЕЛП во Западен Балкан“, учесниците можеа да го проследат прегледот на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Филип Шулер, член на работната група на ХЕЛП и УНХЦР за „Азилот и ЕКЧП“, како и воведот во македонската правна рамка од страна на националните тутори, Зоран Дранговски и Александар Гоџо
Курсот „Азилот и ЕКЧП“ на ХЕЛП и УНХЦР е развиен како заедничка иницијатива помеѓу ХЕЛП програмата и Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Тој ги покрива на еден интерактивен начин клучните одредби и со нив поврзаната судска пракса на ЕСЧП коишто се посебно релевантни за барателите на азил и бегалците.
На истиот ден, беше организирана и церемонија за доделување на сертификати по успешното завршување на сесијата на обуката за обучувачи наменета за ХЕЛП тренери, како и на ХЕЛП курсот за дела од омраза и говор на омраза, воспоставен кон крајот на септември 2017 година за избрана група на судии и обвинители.

Настаните беа организирани во рамките на проектот „ХЕЛП во Западен Балкан“, финансиран од Фондот на доверители за човекови права (ХРТФ) кој им е наменет на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и „поранешната југословенска Република Македонија“.

ХЕЛП/УНХЦР курсот „Азилот и ЕКЧП“ како и ХЕЛП курсот „Дела од омраза и говор на омраза“ се достапни во електронската (онлајн) платформа на ХЕЛП на англиски, македонски и многу други јазици.

Скопје 18 април 2018
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page