Покажи ми што подразбираш под „човекови права“! 

Преглед

Преку оваа драмска активност, учесниците ги претставуваат нивните перцепции за општиот концепт на човековите права.

Поврзани права

• Сите човекови права

Цели

• Да се истражи општата идеја за концептот на човековите права
• Да се развијат меѓукултурни и комуникациски вештини
• Да се развие соработка и креативност.

Материјали

• Реквизити: облека, играчки, предмети од домаќинството, итн.
• Хартија и фломастери во боја, боички 
• Лепило, жица и картичка.

compass-key-date
  • 10 ДекемвриДен на човековите права

Инструкции

1. Објаснете дека целта на оваа вежба е да се смисли една драмска презентација на општата идеја за концептот на човековите права за да биде разбирлива за луѓето со различни култури и за оние кои зборуваат на различни јазици.
2. Објаснете дека нема да им биде дозволено да користат зборови вооопшто: ова треба да биде презентација со пантомима. Сепак, групите можат да искористат некакви материјали или реквизити, доколку сакаат.
3. Замолете ги луѓето да се поделат во мали групи, помеѓу 4 и 6 луѓе, и на секоја група дајте им голем лист хартија и еден комплет боички/фломастери.
4. Дајте им на групите, прво, 10 минути за бура на идеи во врска со нивните идеи за човековите права, а потоа да идентификуваат две или три клучни идеи за човековите права кои ќе ги претстават со пантомима.
5. Потоа, дајте им на групите 30 минути да ја смислат и да ја вежбаат пантомимата. Објаснете дека целата група треба да вложи напор и секој треба да има своја улога.
6. После 30 минути, соберете ги сите заедно така што сите ќе можат да ги гледаат претставите на останатите.
7. Дајте по неколку минути после секоја претстава за повратна информација и дисусија.
8. Прашајте ги гледачите за нивните интерпретации на она што го видоа и обидете се да ги идентификувате клучните идеи кои претставата се обиде да ги прикаже.
9. Потоа, дајте ѝ можност на групата кратко да ги објасни точките кои не беа опфатени за време на повратната информација. Повторете го ова за секоја од претставите

Резимирање и евалуацијаGoto top

Започнете со резимирање на самата активност и потоа преминете на она што го научиле за човековите права.
• Како се чувствуваат луѓето после оваа активност? Дали беше полесно или потешко отколку што претходно си замислуваа? Кои беа најтешките аспекти; или најтешките работи за претставување?
• Дали луѓето научија нешто ново за човековите права? Дали беа изненадени дека знаат повеќе отколку што мислеле?
• Дали имаше сличности и разлики во различните претстави?
• Дали имаше некои основни несогласувања за идејата за човековите права во самата група? Како беа тие решени?
• Врз основа на претставите, според учесниците, кои се најважните и споделени карактеристики на човековите права?

Совети за обучувачотGoto top

Доколку луѓето не се потполно неупатени за концептот на човековите права, поинтересно е оваа активност да се реализира со минимални почетни напатствија од страна на обучувачот. Главна цел е да се прикажат импресиите и знаењето за човековите права кои младите луѓе веќе ги собрале во текот на нивните животи. Важно е да се нагласи оваа точка пред да почнат со работа, така што тие нема да се чувствуваат ограничено дека „не знаат“ што се тоа човекови права.

Треба да им биде јасно на учесниците дека нивна задача е општо да ги прикажат човековите права, а не да илустрираат едно или повеќе специфични човекови права. Тие можат да се одлучат за едно право и преку него да ги изнесат сите општи точки, но треба да запомнат дека тие се обидуваат да покажат што е заедничко за различните човекови права. На крајот од сесијата, гледачите треба да одговорат на прашањето „што се човекови права?“

Не им дозволувајте на оние, кои чувствуваат дека не се добри во глума, да играат активна улога! Објаснете им дека има многу улоги за сите, а дека ова мора да биде нешто, за кое целата група ќе се чувствува среќна додека го претставува. Неколку невообичаени предлози можат да ја оживеат претставата и да се појават креативни идеи – работи како тенџериња, колииграчки, капи, перници, камења, капаци...

Ако веќе морате да им дадете некои совети на групите со цел да започнат или на крајот од дискусијата, тогаш наведете ги да размислуваат за следното:
• Човековите права се права кои личноста ги има, едноставно, бидејќи тој/таа е човечко суштество; сите имаат еднакви права.
• Човековите права ги поседуваат сите подеднакво, универзално и засекогаш.
• Човековите права се неделиви и меѓузависни: не можеш да негираш право, бидејќи тоа е „помалку важно“ или е „незначајно“.
• Човековите права се основни стандарди без кои луѓето не можат достоинствено да живеат.

ВаријацииGoto top

Ако на учесниците им е тешка пантомимата, место неа, можете да ги замолите да креираат колективни „статуи“. Ако обучувачот фотографира, потоа можете да направите збирка од „колективни слики“ и да ги искористите во друга прилика како вовед во дискусија или за некоја изложба.

Како друга можност, оваа активност може да се изведе како вежба за цртање: групите да направат постери – повторно без да користат зборови – и така да ги искажат главните идеи за човековите права. Потоа направете изложба од различни постери.

Ако сакате групите да се фокусираат на одредени концепти, можете да ги исечете инструкциите 3 и 4 и да им дадете клучни зборови на малите групи, на пример, еднаквост, мир, сиромаштија и солидарност. Со давање на различни зборови на секоја мала група, вие покривате повеќе концепти; со давање на истиот збор на секоја мала група вие добивате една интересна разновидност во изразувањето.

Активноста поретко може да се изведува како воведна активност, а почесто како активност која ги организира и појаснува мислите на луѓето, кои веќе работеле и на други активности од прирачникот, или пак тие самите ќе направат сопствено истражување.

Предлози за следни активностиGoto top

Погледнете во драмите или друга литература со теми од човековите права и организирајте драмска претстава за жителите на вашата локална заедница.

За да продолжи континуирано работата со човековите права, можете да ја примените активноста "Моќта на цвеќето". По избор, ако групата сака да оди напред и да разгледува некои специфични права, може да се погледне и Конвенцијата за правата на детето, преку активноста "Детски права".

Друг начин за идни активности е учесниците да напишат кратки писма за тоа што им значи ним концептот на човековите права. Погледнете ја активноста „Драг пријателе“ од образовниот пакет „Сите различни-сите еднакви“. Целта на пишувањето писмо е да им се помогне на учесниците да ги појаснат своите идеи, да предизвикаат одговори да развијат дијалог. Овие писма би можеле да бидат испратени меѓу членовите од групата, или да се искористат во рамките на едно училиште или како вежба во една група на млади луѓе. Во „Домино“, дел 4, има „Приказни раскажани од млади луѓе“, кои можат да се искористат како основа за дискусија за важноста на човековите права во секојдневниот живот.

Идеи за акцијаGoto top

Вие можете да ја развивате вашата пантомима или да направите групна продукција и да ја изведете претставата пред луѓе, надвор од групата. Ако изработувавте постер или „колективни слики, направете изложба од вашите постери или фотографии. И двете идеи можат да се искористат за одбележувањето на Денот на човековите права.

Исто, можете да ги снимате претставите со пантомима и да ги постирате и споделувате на Интернет.