Оваа централа генерира креативна човечка енергија! 

Преглед

Учесниците со бура на идеи наведуваат чинови на насилство што се вообичаени во нивнит секојдневен живот, а потоа барaaт креативни начини на справување со ниви изнаоѓање решенија за проблемите.

Поврзани права
  • Правото на живот, слобода и лична слобода
  • Слобода од дискриминација
  • Слобода од мешање во приватноста, семејството, домот и кореспонденцијата
Цели
  • Да се идентификуваат чиновите на насилство и нивните причини и да се истражат решенија
  • Да се развие соработка и вештини за групна работна
  • Да се култивира чувство за правда и одговорност кон другите
Материјали
  • Долго цврсто јаже, еднакво на ширината на просторијата што ќе претставува електричен кабел.
  • А4 листови со хартија во 2 различни бои, на пример црвена и зелена
  • Маркери, по еден за мала група
  • Реквизити: гласно ѕвонче или свирче, шлемови, бел мантил, сечило за кабли (вистинско или направено од картон)
  • 2 котури на селотејп
  • 2 простории (опционално, но се преферира)
  • Помошник кој ќе работи со ѕвончињата, светлата и другите специјални ефекти
Подготовка
  • Подгответе една соба да биде “електрична централа”. Расчистете го просторот восредината. Оптегнете го јажето (кое го претставува електричниот кабел) преку просторијата во висина на рамената, акраевите зацврстете ги цврсто.
compass-key-date
  • 4 НоемвриЕвропската конвенција за човекови права беше потпишана на овој ден во 1950 година

Инструкции

1. Објаснете им на учесниците дека ќе работат во електроцентрала. Обичните електрични централи произведуваат електрична енергија од ураниум, јаглен, гас, ѓубре, био-горива, сонце, ветер или бранови. Но, оваа централа генерира енергија од постапките на насилство и затоа е потенцијално опасна и треба да биде затворена или преправена да работи на друго гориво. Вие (фацилитаторот) сте менаџер на електроцентралата, а учесниците се техничари.

Дел 1. Бура на идеи за чинови на насилство
2. Замолете ги учесниците да спроведат брза индивидуална сесија за бура на идеи за „насилството околу мене“. Појаснете дека нема да ги разгледаат „големите проблеми“ како што се тероризмот или геноцидот, туку оние чинови на насилство кои сите ние ги среќаваме во секојдневниот живот на училиште или во младинските клубови, на улица и во нашите домови.
3. Поделете ги учесниците во групи од 3 до 5 лица и дајте им три листа хартија (црвена) и по еден маркер за секоја мала група. Замолете ги учесниците да ги споделат проблемите од бурата на идеи, за кои групно се согласиле, дека тоа сеформи на насилство кои сенајважни за справување. Тие треба да ги запишат нив, по еден на едно парче хартија, користејќи клучни зборови или кратки фрази. 
4. Соберете ги сите листи и направете брза проверка за да видите дали има некои кои се повторуваат. Фрлете ги дупликатите.
5. Дајте им на учесниците пет минути пауза додека вие се подготвите за следниот дел. Обесете ги парчињата хартија на „електричниот кабел“ на растојание од околу 0,5 м. Залепете ги на јажето за да останат каде што се ставени и за да не се лизнат. 

Дел 2. Во електроцентралата
6. Кога сте подготвени и листовите со сите „форми на насилство“ се залепени на јажето,кажете ѝ на групата дека сте добиле известување од извршниот директор за здравство и безбедност дека централата ќе биде затворена, доколку тие – „техничарите“ - не најдат алтернативно гориво за централата.
7. Поканете ги „техничарите“ во „централата“. Поделете ги во 2 тима и дајте им доволно листови (зелена) хартија, маркери и котур селотејп на секој од нив.
8. Покажете им го електричниот кабелот и листовите што ги претставуваат чиновите на насилство.
9. Објаснете дека една од причините зошто централата е толку опасна е тоа што насилството генерира енергија во многу нерамномерен проток; има чести бранови. Кога тоа ќе се случи единствениот брз начин кој ќе спречи целото место да експлодира е да се пресече кабелот; што пак е исклучително опасна процедура и треба да се избегнува по секоја цена. Кога надоаѓа особено силен бран, трепкаат предупредувачките светла и ќе слушнат ѕвонење. Тогаш, тие ќе мора да дејствува брзо за да ја пренасочат енергијата која се зголемува. За да го направат тоа, тие треба да идентификуваат начини за трансформирање на чиновите на насилство во позитивни активности.
10. Објаснете како тоа функционира во пракса: Ќе чујат ѕвонење и ќе видат светла што трепкаат. Ќе посочите каде можеби ќе треба да го пресечете кабелот и да ги прочитате зборовите на двата листови кои висат на кабелот од двете страни на точката на сечење. Двата тимови тогаш имаат максимум 1 минута да разгледаат начини за справување со двете различни форми на насилство. Предлози ги запишуваат, секој предлог на посебен лист (зелена) хартија и брзаат да ги залепат на јажето што е можно побрзо на местото каде вие се спремате да го пресечете.
11. Сега стартувајте ја централата и нека работи минута или две. Дајте му знак на асистентот да започне да ѕвони со ѕвончето и да светка со сијалицата. Земете го сечилото и направете движење како дека ќе го пресечете кабелот на одредено место. Прочитајте ги гласно двете форми на насилствои натерајте ги тимовите да ја започнат спасувачката мисија.
12. По една минута, застанете со ѕвоното и трепкањето на светлата и тргнете го настрана ножот, исчекорете напреди прочитајте што е напишано на „листовите со решенија“. Накратко разговарајте за предлозите со целата група. Кажете им на тимовите да ги изменат или да ги отфрлат сите лисја со решенија кои сметаат дека се нереални. Тргнете ги двете „форми на насилство“ и изразете го вашето олеснување.
13. Повторете ги чекорите 11 и 12 се додека не се отстранат сите „форми за насилство“ и не се заменат со „решенија“.14. Конечно, соберете ги од жицата сите „листови со решенија“ и залепете ги на ѕидот покрај различните изрази на насилство.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете го резимирањето со преглед на самата активност, а потоа продолжете да разговарате за секој израз на насилство и предложените решенија:

  • Како се чувствувале луѓето за време на активноста? Дали тие уживаа во тоа? Зошто (не)?
  • Дали сите се согласуваат за важноста на различните форми на насилство?
  • Кои се причините за одредени идентификувани изрази на насилство?
  • Дали предложените решенија и активности беа реални? На краток рок? На подолг рок?
  • Со какви предизвици или отпор може да се соочат луѓето кога ќе се обидат да ги имплементираат овие решенија?
  • Како младите можат најдобро да го спречат насилството и да ги одбранат мирните алтернативи?
  • Кои човекови права се прекршени со насилството?

Совети за обучувачите Goto top

Ќе биде потребно да дозволите околу 10 минути за дел 1, бурата на идеи, околу 60 минути за работа во електричната централа и 20 минути за резимирање и евалуација. Ако треба да им помогнете на луѓето со првичната бура на идеи, можете да дадете примери на чинови на насилство против поединци, на пример, малтретирање, двање на прекари, сарказам, невкусни шеги, навредливи телефонски повици и текстуални пораки (СМС) и вандализам на личната сопственост. Можете исто така да сугерирате дела кои не се насочени кон одредена личност, како што е насилството кое го имаме во филмови или она што го слушаме во песните.

Во чекор 11 тимовите треба да се стремат да изнајдат два или три предлози за начини за справување со секоја форма на насилство, но доволен е и еден. Решенијата треба да бидат реални.

Забелешка
Оваа техника може да се прилагоди за употреба со било кое прашање кое вклучува идентификување на проблемии и изнаоѓање решенија.

Клучно за успехот е начинот на кој ја создавате работната атмосфера и генерирате чувство на итност за да го спречите сечењето на кабелот. Можете да преземете од Интернет звуци на машини кои работат и аларми кои ѕвонат. Како менаџер можете да носите бел мантил и да носите шлем; ако имате повеќе можности нека се облечат и техничарите исто така. Исто така, може да размислите да ја реализирате активноста во подрум каде има водоводните цевки. Очигледно одредено ниво на способност за глумење од вас ќе ја зголеми забавата, но не ви се потребни посебни вештини. Само обидете се да ја одржите активноста да се одвива и да ги одржите кратките дискусиите помеѓу секој круг. Подлабоката дебата треба да се чува за резимирањето.
Ако на луѓето им треба дополнително објаснување за тоа како да дојдат до идеи за решенија на проблемите, може да ги дадете следните примери. Решенијата за „булингот“ би можело да биде реализирање работилници за подигнување на свеста во училиштата, за облиците на насилство или за обука на врснички медијатори. Решенија за „насилството на телевизија“ можеби е да се дозволи насилните филмови да се емитуваат само навечер после 11 часот или да се организираат активности за децата, за тие да имаат алтернативи наместо гледање телевизија.Ако групата е мала, можете да работите со една група „техничари“. Причината за работа со две екипи е тоа што двата тимови многу често доаѓаат со различни решенија за истиот проблем, што ги проширува опциите. Исто така може да ја зголемите динамиката на активноста со додавање на елемент на натпревар. За да го направите ова, дајте им на секој од тимовите различна хартија по боја и видете кој од тимовите има повеќе решенија.

Предлози за следни активности Goto top

Во „електричната централа“ може да се појават дискриминацијата или родовите прашања. Дури и ако не се појават, може да бидете заинтересирани за истражување на прашања за идентитетот и за правото на рамноправност во достоинство и почит. Погледнете ја активноста, "Кои сме јас?".

Идеи за акција  Goto top

Справете се со еден од проблемите идентификувани во оваа активност. На пример, ако булингот е избраното прашање, групата може да отиде понатаму со предлогот за организирање работилница во нивното училиште и да го стави тоа на дневен ред на следниот состанок на училиштето или на советот.

Понатамошни информацииGoto top

“Електрична централа” е произлезена од активноста развиена од Дариуш Грземни, Здружение за деца и млади (Шанса), Глогов, Полска.