Препреката е патот. 

 Зен поговорка 

Преглед

Оваа активност вклучува работа во мали групи,имагинација и цртање за да се истражуваат прашања за родова еднаквост и дискриминација врз жените.

Поврзани права
  • Слобода од дискриминација врз основа на поли род
  • Право на брак и семејство
  • Право на еднаквост пред законот
Цели
  • Да се замисли светот во иднина каде еднаквоста е норма
  • Да се развие комуникација, имагинација, креативност и вештини за соработка
  • Да се промовира правда и почит
Материјали
  • 2 големи листови хартија (A3 формат) или флипчарт хартија за секоја од малите групи
  • Маркери во различни бои, доволно за сите мали групи
  • Мапа (карта) по можност пешачка мапа или некој друг вид на мапа на која се обележани физички карактеристики, на пример, планини, долини, реки,шуми, села, мостови итн.
Подготовка
  • Запознавање со мапата и нејзините симболи
compass-key-date
  • 8 МартМеѓународен Ден на жените
  • 3 НоемвриСветски ден на мажите

Инструкции

Прв дел. Дефинирање на проблемите и пронаоѓање решенија со бура на идеи. 15 минути.
1. Замолете ги луѓето да се вклучат во мали групи од по три до пет лица. На секоја од групите дајте им еден лист хартија и маркери. На секоја од хартиите, кажете им да нацртаат по 3 колони, еднакви по ширина.
2. Потсетете ги луѓето дека во Земјата за рамноправноста постои целосна родова рамно[1]правност. Побарајте од учесниците да измислат конкретни примери за тоа каква би била оваа земја. Едно лице од групата ги запишува овие работи во првата колона на листот.
3. Сега побарајте од групите да размислат за тоа каков е животот денес, да размислуваат за секоја од точките во колона 1 и да разговараат за тоа кои чекори треба да се преземат за да се стигне од денешната до идната Земја на рамноправност. Во втората колона, покрај секоја од точките,да се напишат чекорите.
4. Потоа, замолете ги луѓето да размислуваат за пречките со кои би можеле да се соочат на патот до Земјата на рамноправноста и како истите би ги надминале. Запишете ги овие во третата колона.

Втор дел. Цртање на мапата. 40 минути. 
1. Набрзина разгледајте како изгледа мапата. Покажете ги начините на кои се нацртани контурите, засенчувањето за планините и реките и симболите кои се користат за шуми, мочуришта, згради, енергетски кабли, и така натаму.
2. Сега внесете ја идејата за други симболи. Прашајте ги учесниците дали знаат некакви народни приказни или други приказни кои користат метафора за личност која оди на пат за да ги претстави моралните идеали. Разговарајте за начинот како темната шума, на пример, може да се искористи како метафора за злото, или црвеното, румерно јаболко да се користи да го претстави искушението. Патникот може да покаже морална сила пливајќи преку река која брзо тече или понизност помагајќи му на вознемирено животно.
3. Дајте им втор лист хартија на секоја од групите. Побарајте од секоја група да направи нивна измислена мапа (од фантазијата) и да ги претстават пределите од сегашноста и иднината со пат или патишта меѓу нив. Тие треба да измислат нивни симболи за географските места и за препреките, кои или ќе му отежнат или ќе му помогнат на патникот во неговиот/нејзиниот пат од сегашната до Земјата на рамноправноста. 
4. Вратете ги сите во заедничка (пленарна) сесија и побарајте од учесниците да ги споделат нивните мапи.

Резимирање и евалуација Goto top

Започнете со дискусија за начинот на кој работеа различните групи, како тие донесоа одлуки за тоа што да претстават и за тоа како ја нацртаа мапата. Потоа продолжете за тоа како Земјата на рамноправноста би изгледала во реалноста и за препреките таа да се оствари. 

  • Дали на лицата им се допадна активноста? Зошто?
  • Која беше најлесната, а која најтешката колона да се пополни? Зошто?
  • Кои беа главните карактеристики на Земјата на рамноправноста?
  • Што треба да се промени за да се изгради општество каде постои родова рамноправност?
  • Во однос на правото да не се биде дискриминиран, дали политиките на позитивна дискриминација,како краткорочни мерки,може да се оправдаат за да се зајакне родовата рамноправност?
  • Ако треба да ја рангирате вашата земја меѓу сите земји во светот за еднакви можности за мажите и жените, како би ја рангирале на скала од 1 до 10? 1 е многу нерамноправна, 10 е скоро идеална рамноправноста. 
  • Зошто е толку важно да се фокусираме на женските човекови права?
  • Покрај жените, кои други групи се дискриминирани во вашето општество? Како се манифестира тоа? Кои човекови права се прекршени
  • Како обесправените групи можат да се зајакнат за да ги побараат нивните права?
  • Каква е улогата на образованието во зајакнувањето?
  • Каква е улогата на образованието за човекови права во зајакнувањето?

Совети за обучувачите Goto top

Осигурајте се дека групите мислат за конкретни примери за тоа како би можело да биде животот во Земјата на рамноправноста. Обидете се да ги натерате групите да дадат свои примери, но ако ова е тешко, можете да сугерирате тие да размислуваат за бројот на жени во парламентот, бројот на жени на врвот на бизнисот, разликите во приходите, бројот на часови што мажите и жените ги работат во еден ден, како го поминуваат своето слободно време, како ги споделуваат домашните задолженија,бројот на работници со скратено работно време, за семејно насилство, малтретирање во училиште и на работа или како се прикажуваат мажите и жените во медиумите.

Не ја пренагласувајте потребата за симболи бидејќи метафоричките идеи не се лесни за некои луѓе. Ако учесниците заглават размислувајќи како да ги нацртаат нивите идеи, може да ги извлечете сугерирајќи жена која користи мост на образованието за да помине преку река од предрасуди против жените кои сакаат да бидат адвокатки, или маж кој го наоѓа на задоволството преку работа како воспитувач, грижејќи се за многу мали деца. Секако ќе треба да размислите за примери на родови стереотипи кои ја одразуваат реалноста во вашето општество.

ВаријацииGoto top

Групите може да направат модел на пределите користејќи „ѓубре“. Во овој случај, ќе биде потребно да имате добра колекција на мали кутии, кади, цевки, хартија , камења, јатки, конци и волница, спојувалки итн, а исто така лепило и картон за основа на моделите.

Методот на цртање на мапа од сегашноста кон иднината може да се прилагоди на прашања на кои што сакате учесниците најмногу да размислуваат слободно и имагинативно за изнаоѓање решенија.

Предлози за следни активности Goto top

Поминувајќи време во размислување за родовата еднаквост сега и во иднина, групата можеби ќе сака да го користи методот од активноста "Временска рамка" да „погледне наназад“ на познати жени; охрабрете ги да истражат како концептот и практиката за родова рамноправност се промениле низ историјата. Пребарајте на Интернет за „познати жени низ времето“.

Алтернативно, можеби ќе сакате да ги истражите прашањата во врска со дискриминацијата и правото на културен идентитет во контекст на одржлив развој во активноста "Ловење на китови".

Идеи за акција Goto top

Погледнете ги политиките на вашето училиште, клуб или работно место во врска со еднаквите родови можности и дискутирајте за тоа како политиките се имплементирани и дали се потребни или не некакви промени,или дали треба да бидат направени дополнителни напори за да ја доведат вашата институција до статус на Земја на рамноправноста. 
Во пребарувачот внесете „аргументи за паритетна демократија“ за да најдете линк за многу практичното Европско женско лоби (European Women’s Lobby (EWL)) лобирање и акциски сет. Можете исто така да дознаете повеќе за жените во политиката на www.iknowpolitics.org.

Понатамошни информации Goto top

Концептот зад оваа активност е оној на „Зајакнување“. Зајакнување е тешко да се преведе, а исто така понекогаш е тешко и да се објасни, дури и на англиски! Зајакнување е истовремено и средство и резултат на педагогијата кои некои луѓе ја нарекуваат „Ослободувачко“ образование. Една дефиниција за зајакнување според Oxfam е: Зајакнувањето вклучува предизвикување на формите на угнетување, што ги принудуваат милиони луѓе да играат улога во нивното општество под услови кои се нееднакви или на начини со кои се негираат нивните човекови права.