— 10 Items per Page
Showing 1 - 10 of 37 results.

Кратка содржина

Проектот “Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” ќе им помогне на властите во Северна Македонија да ги надминат утврдените недостатоци поврзани со заштитата на човековите права, преку зајакнување на капацитетите на казнено-поправниот систем и надворешниот надзорен механизам во врска со работата на полицајците и полициската власт.

Проектот ќе се спроведе во соработка со Министерството за правда (Дирекција за извршување санкции), Јавното обвинителство, канцеларијата на народниот правобранител и Министерството за здравство. Исто така ќе бидат вклучени и клучни партнери и засегнати страни, вклучително и организации на граѓанското општество.

Граѓаните од Северна Македонија исто така ќе имаат корист од преоктот преку придонесување во градењето на посигурно и хумано општество кое ги почитува и штити правата на притворените и осудените лица во согласност со стандардите на Советот на Европа.

Овој проект е дел од програмата на Советот на Европа / Европската унија „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“

Oчекувани резултати:

Во насока на подобра заштита на правата на осудените лица, проектот директно го поддржува спроведувањето на препораките од последниот извештај на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем и Стратегијата за спречување на насилен екстремизам преку прилагоден пристап и размена на искуства со партнерите.

Проектот ќе придонесе за побезбедно и похумано општество преку:

 подобрување на капацитетот на директорите и персоналот против радикализација во затворите;

 подобрување на третманот и ресоцијализацијата на осудените лица;

 јакнење на здравствената заштита во затворите;

 зголемување на капацитетите на персоналот на надворешниот механизам да спроведува истраги по случаи на несоодветно постапување од страна на полицијата.

ЗА ПРОЕКТОТ:

Времетраење: 36 месеци (мај 2019 – мај 2022)

Корисници/партнери: Северна Македонија

Финнсирање: Европска унија и Совет на Европа

Буџет: 1 050 000 ЕУР

*Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

КОНТАКТИ

Ѓакуш Кабаши                     Раководител на проект            + 389 2 3100 329                    контакт

Ирена Бојаџиева          Проектна Асистентка                   + 389 2 3100 321                    контакт