Back Воспитувачки од детски градинки подготвени да препознаат знаци на трговија со деца во Северна Македонија

Воспитувачки од детски градинки подготвени да препознаат знаци на трговија со деца во Северна Македонија

Во 2021 и 2022 г. македонските власти идентификуваа 13 деца-жртви на трговија со луѓе, подложени на сексуална експлоатација, принудни бракови и питачење. Да се биде жртва на трговија со луѓе може да остави сериозни долгорочни ефекти врз децата и младите, резултирајќи со напуштање на училиштето, доживување на долготрајна психолошка траума, и да се соочат со сериозни здравствени и безбедносни проблеми. Со цел да се ослови трговијата со деца во Северна Македонија, заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа за „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ ги поддржува властите преку градење на знаењето и капацитетите на чинителите од областа на образованието како и останатите чинители во спречување на трговијата со деца и заштита на децата во ризик.

Во овие рамки, дваесет воспитувачки од детски градинки поминаа обука за основните концепти за трговија со деца, индикатори за трговија со деца и канали за упатување на децата-жртви, како и услугите за поддршка. Учесниците научија како да детектираат предупредувачки знаци и фактори на ризик како и да обезбедат итна поддршка на децата на кои тоа им е потребно.

Обуката беше организирана во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, која за цел има да им помогне на земјите кориснички од Југоисточна Европа во исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамка на процесот за проширување.

Скопје 9 - 10 ноември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page