Буџет


Буџет


Буџетите на Совет на Европа за 2009 г.


Редовниот буџет изнесува € 205 милиони, базиран врз нула реален раст од контрибуциите од земјите членки.
Како што Советот на Европа влегува во својата седма декада во 2009 г., Редовниот буџет се карактеризира со три зборови: фокус, консолидирање и ефикасност кон финансирањето на зголемените трошоци на Европскиот суд за човекови права и Комесарот за човекови права и адекватно финансирање на приоритетите во Програмата на активности.

Продолжува фокусот да се става врз клучните области на надлежност, како што се идентификувани во Акциониот план на Третиот самит на шефови на држави и влади: промоција на човековите права, владеење на правото и демократијата на тој начин зголемувајќи ја сигурноста на европските граѓани и градење на похумана и инклузивна Европа.

На следниот линк е табелата со контрибуциите на 47-те земји членки кон Редовниот буџет ( Resolution CM/Res(2008)24), заедно со табелите на приходи и расходи ( Resolution CM/Res(2008)25) и релевантните одлуки на Комитетот на министри ( 1042/11.1/Part1).

Други буџети на Советот на Европа за 2009 се:

- Дополнителниот буџет кој се однесува на зградите ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи , релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот за пензиите ( resolution, decision);

- Фондот за пензиски резерви ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи , релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Европската младинска фондација ( табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Конвенцијата за подготвување на Европската фармакопеа ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Парцијалниот договор за Банката за развој на Советот на Европа  ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи , релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Парцијалниот договор за Групата за соработка за борба против злоупотребата на дрога и незаконската трговија со дрога (Група Помпиду) ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Парцијалниот договор за Групата за соработка за превенција, заштита и организација на помош при големи природни или технолошки катастрофи и прилагодување на скалата на контрибуции на земјите членки кон буџетите на Советот не Европа ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Парцијалниот договор за Европскиот фонд за поддршка за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела Еуроимаж "Eurimages" ( табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија) ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Парцијалниот договор за младинската карта ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри);

- Буџетот на Проширениот парцијален договор за Европскиот центар за модерни јазици (Грац) ( контрибуции на земјите членки, табели на приходи и расходи, релевантни одлуки на Комитетот на министри)

Исто така:

Во 2009 г. во Советот на Европа биле вработени околу 2238 лица вработени привремено или на позиции со вработување на неодредено време.

Огранизациска табела на Секретаријатот.

Компаративна табела на контрибуции за буџетите 2009 / 2008