Уметнички дела и донации

Уметнички дела и донации

Советот на Европа во своите различни згради поседува богата колекција на уметнички дела. Уметничките дела се донации од земјите членки, вклучуваат стари како и модерни дела и го рефлектираат европскиот културен идентитет

 

Ноќ на музеите

Во текот на првата „Ноќ на музеите’’ на Советот на Европа на 16 мај 2009 година, Палатата Европа во Стразбур беше претворена во голем музеј за да ја изложи богатата и разновидна уметничка колекција и официјални подароци на Советот. Беше дизајнирана посебна патека, распоредување и осветлување за да им се помогне на посетителите да ги откријат богатствата изложени во и околу зградата.

Симнете го каталогот (PDF)

Фото галерија