Како работиме?


Како работиме?



Комитетот на министри

Тоа е тело на Советот на Европа кое донесува одлуки и е составено од министрите за надворешни работи на секоја земја-членка или на нивните постојани дипломатски претставници во Стразбур. Комитетот на министри одлучува за политиката на Советот на Европа и го одобрува нејзиниот буџет и програмата на активности.


Парламентарното Собрание (ПССЕ)

Собранието е советодавно тело и движечка сила на Советот на Европа. Тоа иницираше многу меѓународни договори, помагајќи да се создаде легислативен систем за цела Европа. Неговите членови се назначуваат од страна на националните парламенти на секоја земја-членка.


Конгресот на локални и регионални власти

Конгресот е гласот на 200.000 региони и општини од Европа и обезбедува форум каде што избраните претставници можат да разговараат за заедничките проблеми, и да ги извлечат нивните искуства и да развиваат политики. Работи на зајакнување на демократијата и подобрување на услугите на локално и регионално ниво.


Европскиот суд за човекови права

Ова е постојано судско тело кое гарантира за сите Европјани права заштитени од страна на Европската конвенција за човекови права. Тој е отворен за држави и поединци без оглед на националноста. 47-те земји членки на Советот на Европа се страни потписнички на Конвенцијата.


Комесарот за човекови права

Комесарот е независно тело одговорно за унапредување на образованието, свеста и почитувањето на човековите права во земјите-членки. Комесарот игра во суштина превентивна улога.


Конференцијата на меѓународни невладини организации

Конференцијата вклучува околу 400 меѓународни невладини организации. Таа обезбедува значајни врски помеѓу политичарите и јавноста и го дава гласот на граѓанското општество во Советот. Работата на Советот има голема корист од експертизата на Конференцијата на меѓународни невладини организации и нејзиното влијание врз европските граѓани.


Генералниот секретар

Генералниот секретар го избира Парламентарното Собрание со мандат од пет години на чело на Организацијата. Тој е одговорен за стратешкото планирање и насоките на работната програма и буџет на Советот на Европа и го надгледува секојдневното управување со организацијата.


Заменикот генерален секретар

Заменикот генерален секретар исто така го/ја избира Парламентарното Собрание со мандат од пет години, со гласање посебно од она со кое се избира Генералниот секретар.


Секретаријатот

Повеќе од 2000 вработени на неодредено време, кои доаѓаат од 47те земји членки работат воглавно во Стразбур, Франција, но исто така и во други канцеларии низ цела Европа, со кои работат и привремено вработени службеници.


Буџет

Во 2010 г. : 218 000 000 Евра


Службени јазици

Англиски и француски јазик се двата официјални јазици на Советот на Европа. Работни јазици се исто и германски, италијански и руски јазик. Различни документи се објавуваат и на други европски јазици.