Симболите на Советот на Европа

Симболите на Советот на Европа

Европското знаме и европската химна беа избрани и усвоени од Советот на Европа пред истите да станат симболи и на Европската унија. Тие се сега симболи на заедничкиот европски идентитет.

Треба да го активирате Javascript во вашиот Интернет пребарувач или
да ја апдејтирате вашата верзија на Flash Player
да пристапите кон оваа страна!

Превземи Flash Player

Европската химна

Советот на Европа им става на располагање на професионалците и општата јавност снимки од различни интерпретации на Европската химна. Овие снимки се извадоци од „Рапсодијата според Европската химна" (Rhapsodie sur l’Hymne Européen) од францускиот композитор Кристоф Гијар. Тие беа нарачани од Советот на Европа за користење во документарни филмови, вести и други програми кои го покриваат Советот на Европа.

На оваа Интернет страна можете да најдете џинглови, извадоци со различна должина, како и Европската химна и целосната верзија на Рапсодијата во изведба на Симфонискиот радиски оркестар на Југозападна Германија од Баден-Баден и Фрајбург под диригентската палка на Роланд Клатих.

„Рапсодијата според Европската химна" (Rhapsodie sur l’Hymne Européen) е заштитено дело. Авторските права се заштитени и регистрирани во SACEM (Франција). Kомпозитор на Рапсодијата е Кристофер Гијар.

Подолу можете да ги најдете класичните верзии од Европската химна на пијано и оргули.


Слушнете ја химната во изведба на оркестар




Пијано верзија




Верзија за оргули



 

За да ги слушнете другите адаптации на Европската химна, Ве молиме да кликнете на овој линк


Авторски права
Советот на Европа им ги става на располагање снимките на различните интерпретации и верзии на Европската химна на телевизиите, радио станиците и другите медиуми, како и на пошироката јавност. Услугата е бесплатна, но бидејќи различните дела се заштитени, нивното користење и/или јавно емитување е условено со плаќање на изведувачки права на Sacem (Франција). За сите молби, Ве молиме контактирајте ја следната адреса: Alun.Drake@coe.int