Симболите на Советот на Европа

Симболите на Советот на Европа

Европското знаме и европската химна беа избрани и усвоени од Советот на Европа пред истите да станат симболи и на Европската унија. Тие се сега симболи на заедничкиот европски идентитет.

Треба да го активирате Javascript во вашиот Интернет пребарувач или
да ја апдејтирате вашата верзија на Flash Player
да пристапите кон оваа страна!

Превземи Flash Player

Европското знаме

quote 1На небески сина позадина, ѕвездите сочинуваат круг, симболизирајќи ја унијата. Бројот на ѕвезди е непроменлив, бидејќи бројот дванаесет е симбол на совршенство и целовитост и асоцира на апостолите, синовите на Јаков, делата на Херкулес, месеците во годината итн.quote 2

Од своето основање во 1949 година, Советот на Европа беше свесен за потребата да ù се даде на Европа симбол со кој нејзините жители би можеле да се идентификуваат. На 25 октомври 1955, Парламентарното Собрание едногласно го одобри симболот - круг од златни ѕвезди на сина позадина. На 9 декември 1955 Комитетот на министри на оваа организација го усвои знамето со ѕвездите, кое официјално беше промовирано на 13 декември истата година во Париз.

Симбол за цела Европа

Во 1983 година Европскиот парламент го усвои знамето, создадено од Советот на Европа и препорача тоа да стане амблем на Европската заедница. Европскиот совет го даде своето одобрување во јуни 1985 г. Институциите на Европската унија почнаа да го користат знамето во 1986 г.

Оттогаш европското знаме стана синоним за споделуваниот политички проект кој ги обединува сите Европјани надминувајќи ги нивните разлики.

Авторски права
Барањата од земјите кои не се членки на ЕУ треба да се упатат до Советот на Европа, т.е. Одделението за правен совет и договори, Директорат за правен совет и јавно меѓународно право (DLAPIL), Palais de l’Europe, F-67075 Strasbourg Cedex (France), legal.advice@coe.int
Ве молиме контактирајте ја Европската комисија [Directorate ''Coordination I'', rue de la Loi 200, B-1049 Brussels (Belgium), embl@ec.europa.eu] ] и Советот на Европа за доставување на Вашиот проект.
Европскиот амблем може да се користи само доколку:
- не постои можност корисникот на симболот да се поистовети со Европската заедница или Советот на Европа;
- симболот не се користи во врска со цели или активности кои не се компатибилни со целите и принципите на Европската заедница или Советот на Европа.
Дозволата за употреба на европското знаме не подразбира стекнување, од оние на кои им се дава дозволата за користење, на било какво право на ексклузивна употреба, ниту пак им дозволуа присвојување на амблемот или било каков сличен заштитен знак или лого, било по пат на регистрација или на било кој друг начин. Секој случај ќе се разгледува индивидуално со цел да се утврди дали се исполнети горенаведените услови. Условите нема да бидат исполнети доколку знамето се користи во комерцијален контекст заедно со сопствено лого, име или заштитен знак на одредена компанија.