Нашите цели

Примарна цел на Советот на Европа е да се создаде заедничка демократска и правна област низ целиот континент, обезбедувајќи почитување на нејзините темелни вредности: човекови права, демократија и владеење на правото.

Човекови права ... Демократија ... Владеење на правото

Овие вредности се основите на една цивилизирано и толерантно општество кои се неопходни за европската стабилност, економски развој и социјална кохезија. Врз основа на овие темелни вредности ние се обидуваме да најдеме заеднички решенија за голем број на проблеми, како што се меѓународниот тероризам, организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминал, биоетика и клонирање, насилство врз децата и жените и трговија со луѓе. Соработката помеѓу сите земји-членки е единствениот начин за решавање на сериозните проблеми со кои се соочува општеството денес.

Цели:

- Заштита на човековите права, плуралистичката демократија и владеењето на правото;


- Промоција на свест и поттикнување на развојот на европскиот културен идентитет и диверзитет;


- Изнаоѓање на заеднички решенија за предизвиците со кои се соочува европското општество;


- Консолидација на демократска стабилност во Европа преку поддршка на политички, законодавни и уставни реформи.


Сегашниот политички мандат на Советот на Европа беше дефиниран од Третиот Самит на Шефови на држави и влади, одржан во Варшава во мај 2005 г. Повеќе информации