Нашите гости

Нашите гости

Бројни еминентни личности од сите националности и вери беа почитувани гости на Советот на Европа. Овие мажи и жени, честопати многу важни за спроведувањето на политичките, социјалните и културните иницијативи, ги илустрираат динамизмот и вредностите, кои од 1950тите години ја водеа работата на Советот на Европа.


Треба да го активирате Javascript во вашиот Интернет пребарувач или
да ја апдејтирате вашата верзија на Flash Player
да пристапите кон оваа страна!

Превземи Flash Player


Карло Сфорца (1873 – 1952 г.)

Министер за надворешни работи на Италија

18 ноември 1950 г.

quote 1Судбината на Европа е во голем дел во ваши рацеquote 2

Неговиот говор:

Господа, судбината на Европа е во голем дел во вашите раце. Ако сакате, можете да станете наследници од оваа страна од Атлантикот на луѓето кои во Америка сеуште се нарекуваат Татковци. Татковците ја жртвуваа желбата за независност на тринаесетте колонии и на 17 септември 1787 година го напишаа заедничкиот Устав, почнувајќи за првпат со познатите зборови „Ние, народот на Соединетите држави.''

Колку прекрасен ден ќе биде за целиот свет, но ден кој мора да дојде ако сакаме да останеме слободни луѓе кога во Стразбур ќе изјавиме „Ние, народот на Европа." Речиси е натчовечки да се замисли тоа. Сепак, овој настан ќе одлучи дали Европа ќе остане Европа или ќе стане неважно, мало, непознато полуостровче од Азија што беше пред чудото на Атина и Рим.

Знам дека задачата е огромна. Но, доколку одлучите да ја преземете, блескавоста на задачата ќе ја одреди големината на вашите дела.