Нашите активности


Нашите активности


Треба да го активирате Javascript во вашиот Интернет пребарувач или
да ја апдејтирате вашата верзија на Flash Player
да пристапите кон оваа страна!

Превземи Flash Player

Смртна казна

Европа денес е единствениот регион во светот каде смртната казна повеќе не се применува. Сите 47 држави членки на Совет на Европа веќе ја укинале смртната казна или вовеле мораториум врз егзекуциите.

Советот на Европа играше пионерска улога во борбата за укинување на смртната казна, верувајќи дека во демократските општества нема место за смртната казна.

Оваа одлучност за укинување на смртната казна беше рефлектирана во Протокол бр. 6 кон Европската конвенција за човекови права за укинување на смртната казна во време на мир, која беше усвоена во април 1983, по иницијатива од Парламентарното Собрание. Во 2002 година, друг значаен чекор беше преземан со усвојувањето на Протокол бр. 13 за укинување на смртната казна во сите околности.

Советот на Европа го утврди укинувањето на смртната казна за критериум за членство. Како резултат, на територијата на земјите членки во организацијата не е извршена ниту една егзекуција од 1997 г. Парламентарното Собрание продолжува да врши мониторинг врз прашањето на смртната казна. Тоа ги прошири своите активности врз земјите кои имаат статус на набљудувач во советот на Европа – што главно се однесува на Јапонија и САД.

Podcast


Повеќе информации