Да нема забуна


Да нема забуна


Совет на Европа

Меѓународна организација во Стразбур која се состои од 47 европски држави. Беше основана да ја промовира демократијата и да ги заштитува човековите права и владеењето на правото во Европа.


fleches

Европски совет

Регуларен состанок (најмалку два пати годишно) на Шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската унија со цел на планирање на политиката на Унијата.

Европска унија (ЕУ)

ЕУ во моментов брои 27 членки кои делегирале дел од својот суверенитет со цел одлуките по одредени прашања од заеднички интерес да можат демократски да се донесуваат на европско ниво. Ниту една држава не станала член на ЕУ без претходно да е членка на Советот на Европа.


Парламентарно Собрание


Советодавно тело на Советот на Европа, составено од 318 претставници (и ист број нивни заменици) назначено од националните парламенти на 47-те земји членки.


fleches

Европски Парламент

Парламентарно тело на Европската унија, составено од 736 европски парламентарци од 27-те членки на Европската унија, избрани на избори.


Европска комисија за човекови права

До ноември 1998 година, ова меѓународно тело ја разгледуваше допуштеноста на сите индивидуални или државни апликации против земја членка, во согласност со Европската конвенција за човекови права; Комисијата изразуваше мислење по наводните повреди во апликациите за кои било одлучено дека се допуштени во случаи во кои не е постигнато пријателско спогодување.


fleches

Европска комисија

Извршен орган на Европската унија, базиран во Брисел, кој ја надгледува соодветната примена на договорите на Унијата и одлуките на институциите на Унијата.


Меѓународен суд на правдата


Судско тело на Обединетите нации, кое е со седиште во Хаг.

Суд на правдата на Европската заедница

Базиран е во Луксембург и се грижи за почитување на правото во интерпретацијата и спроведувањето на Европските договори на Европската унија.


Европски суд за човекови права

Базиран во Стразбур, ова е единствениот вистински судски орган воспоставен со Европската конвенција за човекови права. Се состои од еден судија за секоја држава, членка на Конвенцијата и обезбедува, како последна инстанца, почитување на обврските од Конвенцијата од страна на државите потписнички. Од ноември 1998 година, Судот работи на постојана основа со полно работно време.


fleches

Европска конвенција за човекови права

Договор, според кој земјите членки на Советот на Европа се обврзуваат да ги почитуваат основните слободи и права.


fleches

Универзална декларација за човекови права

Усвоена од Обединетите нации во 1948 година со цел да се зајакне заштитата на човековите права на меѓународно ниво.